Среќен сум во Челзи
“Бев растеретен бидејќи разговарав со менаџерот, кој директно од прва ми каќа дека сепак клубот смета на мене. Тоа е убаво да го слушнете и затоа одвај чекам да започне сезоната. Навистина сум среќен и едноставно уживам за време на тренинзите. Мурињо е навистина најдобриот тренер во мојата долгогодишна фудбалска кариера, тој не познава сите како целиот живот да сме биле со него, и со секого има целосно искрен однос, чекор кој го прави да биде посебен. Ќе се потрудам мојата игра да ја кренам на едно повисоко ниво од претходните години“, изјави Мата за клубскиот сајт, со цел да ги демантира информациите за негово заминување од Челзи.