Среќко Хорват – интервју

Од првата книга “Против политичката коректност: Од Крамер до Лаибач и назад”, Хорват активно полемизира со постјугословенските заблуди и ги преведува овдешните идиоми на јазикот на глобалниот судир. Последната, освен насловот изворно објавен на англиски, Што Европа сака?“, Хорват ја напишал заедно со слевенечкиот филозоф Славој Жижек.

Член на уредништвото на Зарез, Тврѓа, Европски гласник, Среќко Хорват во текот на јануари го посетил белград како гостин на Крокодиловата куќа за писатели

Во каква состојба ја затекнувате Србија? Дали ве изненадува неолибералната реторика на некогашните промотери на екстремен национализам?

Секој кој живее во Срија ќе ја препознае денешна Србија во еден белградски графит кој, за да работата биде посмешна, се наоша во балканската улица и вели: “Демократија немаме, земете нешто од скарата”. Овде навистина може да се земе од скарата, но земјата оди во насока што наскоро ќе можете да одберете се, само нема да можете да одберете работа, бесплатно образование или здравствено осигурување. Воопшто не изненадува реториката на некогашните националисти кои сега промовираат неолиберални мерки поради кои цела Европа е во криза. Па сетете се дека и Милошевиќ пред да стане националист беше банкар во Њу Јорк. Дури ни Кустурица кога вели дека Милошевиќ бил “мал банкар” а не Хитлер, не е свесен колку е всушност во право. Не е работата во тоа дека неолибералната реторика и ексремниот национализам се во некоја спротивност. Баш напротив, тие неретко одат рака под рака. Како што во Хрватска референдумот и рехабилитацијата на усташтвото се поклопуваат со либерализација на пазарот сега, така и во Србија “Рамна гора” и рехабилитацијата на Државните четници одат заедно со измените на новиот Закон за работа. Проблемот е баш во тоа дека ниту екстремните ниту питомите националисти никако не можат да сфатат дека национализмот не им ја донесе сопствената држава, туку баш спротивно.

Администрацијата на Вучиќ две години на власт ги помина во непрекидно конституирање и реинвенција на самите себе, и практично на тоа стекна подршка за превземање на моќите; опозиционите партии се збришани, критичката интелегенција се самоукина. Дали е тоа знак дека излеговме од транзиција и конечно стигнавме во постидеолошкиот рај?

Транзиција никогаш немаше, па дури и оние кои дваесет години биле зариени во догматска дремка на тој Фукујамиен влажен сон за достигнувањето на “крајот на историјата”, во некоја идеална “либерална демократија”, сега согледуваат дека не одиме никаде, дека всушност сме во некој вид вечна транзиција. Внимавајте, па на администрацијата на Вучиќ и е советник никој друг туку Доминик Штраус – Кан ! Не само човек кој го знаеме најмногу поради сексуален скандал, туку и бивш директор на Меѓународниот монетарен фонд. И тогаш се чудите што Телеком и Дунав осигурување се приватизираат или дека доаѓа до дерегулација на пазарот на работна сила и целосна прекаризација на работната сила. Не можам а да не спомнам уште еден графит кој одново во само пар реченици го сумира она за што би можело со часови да дебатираме. Го знаете оној графит кој некој го допишал покрај стандардната насионалистика мантра “Србија на Србите”. Едноставно до тоа напишал “Брегот на Слоновата коска – на слоновите”. Тоа е најточната формула за “постидеолошкиот рај”. Кога го барате гробот на Дража Михајловиќ, како што беше случај во 2009 година, тогаш исто така на Равна гора можете да барате и слонови. Идеата за некое изворно српство, па и било која друга изворна нација која со самото свое постоење ќе ни донесе благосостојба еднакво е идиотски како да се верува дека Брегот на Слоновата коска припаѓа на слоновите. На капиталот му е сеедно дали се работи за Србите и слоновите. 

Дали ве изненадува подршката на Брисел за бившите балкански војници и воени хушкачи? “Што Европа сака” од Србија?

Можеби вистинското прашање е што Србија сака од Европа и што очекува од Европа, денешна Европа, Европа со криза, а не просперитет и сигурност. Минатата година во Србија секој ден работа губеле околу 600 луѓе. Зарем со влезот во ЕУ ситуацијата ќе се подобри? Доволно е да погледнете во соседството, најновата членка, и бројките за незапосленоста меѓу младите. Хрватска, веднаш зад Грција и Шпанија, е на трето место со преку 50% невработени млади. А што Европа сака од Србија? Истото како и од сите други пост – транзициски земји, укинување на јавниот сектор, укинување на последните остатоци од “социјалната држава”, нови приватизации. Но тоа го сака и српскиот естаблишмент и би било погрешно да се мисли дека само Европа е виновна. Европа неретко е само изговор да го направат она што самите и онака би го направиле.

А што таа Европа сака од себе? После траумата од економскиот крах, изгледа дека основната определба на неолибералниот капитализам остана иста?

Мислам дека, колку тоа и да звучи како провокација, најголем проблем е дека ние неолиберализам воопшто немаме. Тоа, секако, не значи дека се залагам за неолиберализам, но би сакал да видам како најголемите промотори на неолиберализмот на овие наши простори воопшто би опстанале на пазарот кога тој би бил навистина “слободен”. И во Хрватска и во Србија најголемите монополисти опстануваат на пазарот благодарение на “невидливата рака” на државата. Ивица Тодориќ, еден од најбогатите луѓе а Балканот, кој е присутен во сите држави на бивша Југославија па и во Србија, во последните четири години добил преку 80 милиони евра поттик од хрватската држава! Со други зборови, државата поттикнува развој на приватниот сектор, а истовремено ги укинува последните остатоци од јавниот сектор, од социјалното осигурување на пензиите. Тоа е тренд во цела Европа и со таа Европа Србија наскоро почнува преговори.

Како се чувствува Хрватска како членка на ЕУ? Што се промени?

Во случајот на Хрватска можеме да го превртиме оној графит и да речеме дека имаме “Демократија имаме, немаме скара”. Секако, кога велам дека имаме “демократија” мислам на овој апсурд од демокрација кој го овозможи моменталната влада затоа што го промени законот за референдум само за да влеземе во ЕУ. Сега баш измената на тој закон, фактот дека веќе не е потребно 50% од гласачкото тело да излезе на референдум за да тој биде валиден, се врати како бумеранг. Како што изгледа сега, референдумското лудило завладеа до таа мера што наскоро ќе гласаме и за храната со скара. Секако, проблемот е во тоа што економската ситуација е толку лоша пто оброци со скара веќе нема да има. Што ме потсетува на еден стар виц од времето на Советскиот сојуз. На некој митинг во некоја фабрика, чиновникот на Партијата им држи предавање на работниците за нивната светла иднина па вели: “Слушајте, другари, откако овој петгодишен план биде завршен, секое семејство ќе има стан. По следниот петгодишен план, секој работник ќе има автомобил! И по уште еден петгодишен план, секое семејство ќе има свој авион!” Некој од публиката тогаш прашал: “Но зошто ни е авион?”, а партискиот човек одговорил: “Зарем не гледате другари? Да речеме дека нема повеќе компири во вашиот град. Нема проблем! Го земате авионот и одете во Москва по компир!” Така некако е и во Хрватска, скоро секое семејство има свој стан и автомобил, но живееме во должничка економија каде можеби нема недостаток на компир, но дури и компирот се купува на кредит.

Како го оценувате ефектот на граѓанските протести, движењето Occupy и слични на него?

Премногу лесно е да се отфрлат сите тие движења и да се каже дека се морало да се промени за да се остане исто. Секако, и движењето Occupy и Арапскаа пролет, па и протестите во Словенија или Хрватска, покажуваат дека по почетниот ентузијазам одново дошло до стабилизација на старите номенклатури, било да станува збор за армијата која сега го заменила Муслиманското братство во Египет или за “социјал – демократите” кои го замеија ХДЗ. Но тие движења биле важни и сеуште се важнии се од ’68 не постои таков глобален отпор кој неретко ги минувал сите граници и со сопственото делување покажувало дека мотото на Светскиот социјален форум, “Поинаков свет е можен!”, сеуште не спаѓа во ропотарницата на историјата. Земете ги прекрасните моменти на плоштадот Тахрир кога коптските христијани и муслимани се молеа заедно или праксата на директна демократија во паркот Зукоти. Алеин Бадиоу не е во право кога во еден скорашен текст за Radical Philosophy изјавува дека овие движења не донеле ништо ново, дека се само “комунистички инваријанти”. Но е во право кога вели дека тие сведочат за “нашата современа импотенција”. Симптоматично е тоа што тој во целиот текст го критизира Костас Доузинас како “голем оптимист”, но ниту еднаш не ја спомува Сириза како онаа точка надеж дека левицата конечно че излезе од ќорсокакот на импотенцијата.

 

извор: http://pescanik.net 

превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.