Срце од 3Д принтер му го спаси животот на бебе старо две недели

Со помош на срцето од 3Д принтерот успеале да го спасат животот на новороденче старо само две недели. Детето се родило со срцева мана, а го оперирале во болницата во Њу Јорк.

“Срцето на ова бебе е полно со дупки, што не е необично кај вакви случаи, но срцевите комори имале необична формација, беа слични на лавиринт”, изјавил кардиологот Емили Бача.

Тимот кардиолози потоа податоците од магнетната резонанца ги испратиле на 3Д принтерот како би изградиле 3Д модел на срцето. Тоа им овозможило детално да го анализираат срцето и да забележат некои неправилности пред операцијата на вистинското срце.

“Во минатото моравме да го запреме срцето, да погледнеме внатре и потоа да одлучиме што ќе правиме”. Кардиологот додава дека оваа техника им служи како навигациска карта која ги води низ операцијата. Со моделот на срцето кој можеле да го гледаат, целата операција била многу полесна. Хируршкиот тим успеал да го ‘поправи’ срцето на детето со само една операција. Целата постапка била финансирана од хуманитарната организација Matthew’s Hearts of Hope.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.