Вечерва Србија-Македонија

Како што вели и самиот Ранѓеловиќ, ќе биде тоа интересен натпревар пред се за него поради фактот што доаѓа од Србија. Секако, носен од желбата да дојде до триумф со Македонија, токму против српската репрезентација во земјата од која фудбалски израсна да ги покаже и своите индивидуални квалитети.

„Во Велс не заслуживме пораз, па токму тоа ни дава за право да се надеваме и очекуваме добра игра и позитивен резултат против Србија. Јас секако посакувам победа, мислам дека имаме тим за надигрување, иако сосема е јасно дека и противникот сака со триумф да ги заврши квалификациите. Во секој случај ќе биде тоа интересен дуел и за мене доколку повторно добијам шанса од селекторот, но сигурно и генерално добар натпревар за уживање“ – вели Ранѓеловиќ.

Фудбалерот од средниот ред е задоволен што ќе игра на стадионот каде во моментов настапува, во дресот на српскиот суперлиг??ш Јагодина.

„Стадионот во Јагодина има навистина прекрасни услови за вистинско натпреварување. Се работи за модерен стадион со капацитет од 15.000 седишта, и убеден сум дека ќе ги имаме сите услови за добар дуел. Јас и пред српските медиуми кажав дека никој во Македонија и ФФМ не смета дека Јагодина е село, како што претходно се направи непотребна фама по медиумите. Напротив, очекуваме прекрасна атмосфера со полн стадион и секако поддршка и од многу Македонци на трибините“ – изјави за ЕКИПА, Ранѓеловиќ пред денешниот натпревар кој почнува од 20:30 часот.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.