Срамно: Мобинг и притисоци на вработените во компанијата “ДС ФУДС”

Сезонски работници од фирмата за преработка на смрзнато овошје и зеленчук „ДС Фудс“, кои пред неколку дена проговорија за притисоците и теророт што ги трпат при работа кај грчкиот сопственик, денеска одржаа мирен протест пред фирмата, пренесува А1ОН.

Велат дека собирот е со цел да го изразат својот револт, поради непочитувањето на човековите и работничките права. Работниците тврдат дека биле уценети да работат оваа сезона, за да добијат плата за минатата.

Медиумите претходно пишуваа дека сезонските работници од „ДС Фудс“ при контролите од трудова инспекција морале да се кријат во комори, затоа што не се осигурани, но и дека биле изложени на насилство од шефовите.

Фото и видео А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.