(ФОТО) Срамно, активисти на политичка партија од Кавадарци пред избирачко место водат евиденција кој излегол на гласање

“Целта ги оправдува средствата” е очигледно главното мото на од политичките партии во Македонија кога станува збор за денешните (27.04.2014) претседателски и парламентарни избори. На изненадувањата кои ни ги приредуваат некои членови и активисти едноставно им нема крај. И кога ќе помисли човек дека не може да одат подалеку од црвената линија, тие токму тоа и го прават.

Пред избирачкото место 692 во општина Кавадарци, кое се наоѓа во домот на културата во с.Ваташа, утрово се случи вистинско фијаско. Тројца членови од политичка партија седнати спроти избирачкото место и со списоци водат евиденција на секој еден што влегува во избирачкото место. За да биде трагедијата поголема, дел од членовите на партијата требало првин да се пријават и да бидат евидентирани во нивниот (партискиот) список а потоа може да одат на гласање.

Доколку внимателно погледнете на фотографиите се забележува дека станува збор за истите партиски потрчковци  кои и во првиот круг од пред две недели на ист начин го прекршуваа изборниот процес

Leave a Reply

Your email address will not be published.