Според претседателот на УМС на ДПМНЕ од Кавадарци извршена е злоупотреба со средношколците

 

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, Александар Тасев, со критики околу денешниот историски средношколски масовен протест кој го организира Средношколскиот Одбор од Кавадарци на кој присуствуваа неколку стотици револтирани средношколци кои со СТАВ без СТРАВ испратија јасна порака до надлежните за крајно лошите политики во реформите на македонското (не)образование.

Тасев на својот фејсбук профил обвини дека е извршена тешка манипулација и класична злоупотреба на средношколците. Според него средношколскиот пленум бил под директна контрола на структурите на СДСМ кој на најподол начин ги злоупотребил средношколците од Кавадарци.

Тасев апелира до сите средношколци од општина Кавадарци кои го поддржаа денешниот средношколски протест да не подлегнуваат на злонамерните активности на кавадаречката опозиција. Според неговите пресметки, оваа влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ која е дел од најголемиот мега историски интерконтинентален скандал во кој беа тајно и незаконски прислушкувани преку 20.000 македонски граѓани, вели дека вложила во обраованието, во образовната инфраструктура како и во целокупниот образовен систем.

Според претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, младината е негова иднина. И доколку некој се обидува да ја уништи (некој што го нема претходно сторено) ќе му се случи народ. Да, НАРОД, а не ГРАЃАНИ.

Дел од учесниците на денешниот протест со свој став по социјалните мрежи каде се оградуваат од ваквите безобразни лепења на етикети од страна на претседателот на УМС од Кавадарци.

tasev ums

Leave a Reply

Your email address will not be published.