Најчевска: Бојата е најмалото нешто што треба да им се направи на овие споменици!

пишува Мирјана Најчевска

Откако генералот Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил напиша дека ги замолува протестантите да не фрлаат повеќе боја по спомениците од проектот Скопје 2014, со реплика се јави и професорката Мирјана Најчевска која за разлика од Ангелов, нејзините гледишта се сосема дијаментрални. Еве што нашиша Најчевска на нејзиниот фб профил:

1. Спомениците и се што е изградено во проектот Скопје 2014 претставува кич кој не смее да биде оставен заради тоа што ќе влијае на генерациите кои доаѓаат и ќе не дефинира нас како граѓани на пазарско, наместо на уметничко ниво.

2. Секој споменик од проектот Скопје 2014 е дивоградба која е донесена спротивно на Законот за меморијални споменици и спомен обележја и како таков треба да биде отстранет.

3. Спомениците од проектот Скопје 2014 создаваат лажна историја на луѓето кои живееле на овие простори, лажно ги прикажуваат дејците кои делувале на овие простори и градат психологија на насилство.

4. Спомениците од проектот Скопје 2014 се симбол на диктатурата, на тоталитаризмот кој го исклучи народот од процесот на одлучување за местотот на своето живеење и како такви мора да бидат срушени.

5. За секој споменик од проекто Скопје 2014 се жртвувани дрвја и зелени површини, со што градот е претворен во зандана од 19 век и затоа мора да бидат уништени.

6. Секој денар потрошен на спомениците од проектот Скопје 2014 е денар одземен од здравството, образованието, социјалата, заштитата на животната средина. Секој споменик е надгробен споменик на многу луѓе кои можеле да живеат и преживеат, да се развиваат и да творат. И заради тоа мора да бидат унишетни, како симбол на злото.

Историјата се учи за да ја изградиме сегашноста и да ја трасираме иднината. Историјата не смее да стане дел од сегашноста и не смее да ја зароби иднината.

Ептен си ја загрешил работата Стојанче Ангелов.

Бојата е најмалото нешто што треба да им се направи на овие споменици.

Leave a Reply

Your email address will not be published.