Спомениците на тиквешките партизани од НОБ паѓаат во заборав

Ваквата практика на немарливост постои веќе подолго време. Иако од буџетот на општина Кавадарци се одделуваат финансиски средства за изградба на нови споменици и бисти, никако да се оддели скромен паричен фонд за реновирање на постоечките.

Поголемиот дел од руинираните споменици во градскиот парк се бисти од народни херои кои го дале својот живот за време на втората светска војна. Меѓу нив и спомен-бистата на Киро Крстев која го симболизира раѓањето на истата таа слобода како и раѓањето на државата. 

Минатата година од буџетот на локалната самоуправа беа одделени средства за изградба на споменикот на Тиквешкото Востание кој се наоѓа во детскиот парк во центарот на градот.

Дали локалните власти имаат дискриминирачки став кога станува збор за ширење на “патриотизмот” кој се преточува преку споменик “културата”?

Leave a Reply

Your email address will not be published.