(Видео) Шпанија го прегази Тахити со 10:0, Торес 4 погодока

Сосема очекувано, фудбалерите на Дел Боске ја остварија третата најголема победа во историјата: По оние 13-0 против Бугарија и 11-1 против Малта, фудбалерите на Шпанија против Тахити славеа со убедливи 10:0 и ја оправдаа фаворитската улога која им беше доделена пред мечот.

Уште во првото полувреме, Шпанија постигна четири гола и ја завери победата на овој натпревар. Водството го донесе Торес во 5. минута а во период од само десет минути помеѓу 30 и 40 минута, шпанците преку Силва, Торес и Виља постигнаа три погодоци, по што по првите 45. минути беа постигнати конечните 4:0.

Во вториот дел пак, видовме дури шест погодоци. Голеадата ја отвори Виља во 49. минута, Торес во 57. зголеми на 6:0, потоа Виља повторно стрелаше за хет-трик и водство од 7:0 а Мата две минути подоцна во 66. минута, зголеми на 8:0.

Во 78. минута, Торес постигна гол за 9:0 и со тоа стана првиот играч на Купот на конфедерациите кој постигнал четири гола на еден натпревар додека конечните 10:0 беа заверени на една минута пред крајот, кога Силва по асистенција на Торес успеја да го матира денес несреќниот Роче.

Победата на шпанците можеше да биде уште поубедлива но Фернандо Торес промаши пенал во 78. минута а Давид Виља на двапати ја погоди пречката, односно стативата од голот на Роче. Борбата за второто место во групата Б ќе се води вечерва на полноќ, кога силите ќе ги одмерат репрезентациите на Уругвај и Нигерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.