(Видео) Шпанија го порази Уругвај

Шпанците поведоа преку Педро во 20-та минута, го зголемија водството 12 минути подоцна со голот на Солдадо и го одржуваа се до 88-та минута, кога Луис Суарез намали на 2:1. Веќе беше доцна за поволен скор за јужноамерикаснкиот шампион, во дуелот против носителот на двете најпрестижни репрезентатвивни титули во светскиот фудбал.
Пред одигрувањето на мечот меѓу Тахити и Нигерија кој што е предвиден да почне на полноќ по средноевропско време, Шпанија е на врвот во групата Б со 3 бода. Следното коло во оваа група, се игра на 20-ти јуни, се среќаваат Шпанија – Тахити и Нигерија – Уругвај.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.