Советниците на ДПМНЕ од Центар во паника

Жерновски покажа записник од 26тата седница од Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, одржана на 5ти јуни 2013та година. Во записникот стои дека претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Томислав Лазаров, актуелниот координатор на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, изјавил дека организираниот протест „ќе започне во 12 часот напладне, пред споменикот Мајка Тереза и ќе продолжи до општина Центар, каде што ќе се искаже револтот“.

-„ Претседателот Лазаров наведе дека добро е запознаен со ситуацијата и со расположението на нашето членство, но на овие протести потребна е присутност на 700 членови. Од страна на членовите на ОК Центар се истакнаа започнатите притисоци на СДСМ кон нашето членство и се истакна нужноста на заштита на членови кои одбиваат да се припојат кон СДСМ. Предложено е да се преземат чекори на централно ниво и тоа во поглед на отпуштање на членови на СДСМ, вработени во централната власт, како би се стопирале низата притисоци и незаконски отпуштања. Претседателот Лазаров апелираше на масовна посетеност на митинзите од страна на членовите на ОК Центар“, стои во записникот на 26тата седница од ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ.

И по 8 месеци надлежните органи немаат расчистено и јавно соопштено кој стои и кој ги организираше наводните протести за “одбрана на верата и црквата“ во месец јуни.
Советникот од СДСМ, Игор Алаџајков на денешната седница посветена на советничките прашања го праша градоначалникот Жерновски дали има некакви информации што се случува со поднесената кривична пријава од негова страна, кој го организираше демолирањето на општината, кога во прашање беше доведена безбедноста на градончалникот, советниците, медиумите и општинската администрација.

Ова, рече градоначлникот Андреј Жерновски, јасно покажува кој стои позади наводните “спонтани“ протести и кој ги организираше. На ова реагираа советниците од ВМРО – ДПМНЕ кои посочија дека не се работи за оригинален документ, не присуствувале на седницата и дека ќе поднесат пријава за клевета.

Жерновски им одговори дека има и други документи, записници од седници на ОК Центар на ВМРО – ДПМНЕ.
-„За овој случај поднесовме кривична пријава, но по неа не е постапено веќе 8 месеци. Земајки ги предвид и овие записници, во кои јасно се гледа дека станува збор за организиран протест, ги повикувам државните институции да преземат мерки по овој случај и да се казнат виновниците за протестите во општина Центар“, рече Жерновски.

Извор Centarnews

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.