Сопки за митингот на опозицијата в недела

Повеќе од 2.000 битолчани, членови и симпатизери на опозицијата, најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш што СДСМ и колицијата го организираат в недела во Скопје, потврдуваат од општинската организација на СДСМ во Битола.

Според Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ во Битола, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје.

– Ги преземаме сите мерки да се организираме за мирниот протест во Скопје. Доколку излезат какви било проблеми со превозот, веќе се размислува и за тој предизвик и за ризиците, но на граѓаните им ветуваме дека сите што се заинтересирани да дојдат во Скопје, ќе бидат таму и тоа навреме – вели Ковачевски.

Опозицијата веќе размислува да организира превоз со автобуси, комбиња и со автомобили за да ги однесе своите поддржувачи во Скопје. Според пресметките, потребни им се од 400 до 450 автомобили, за што неофицијално велат дека не е проблем да ги најдат, но проблем би било пристигнувањето навреме.

Извор meta.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.