Сообраќајка кај Кавадарци, тројца повредени

Информацијата ја потврдуваат како од територијалната противпожарна единица од Кавадарци, така и од итната медицинска помош од овој град.

– Интервениравме бидејќи еден од повредените беше приклештен во возило кое од ударот беше исфрлено на тешко пристапен дел, па моравме да го извлечеме. На лице место бевме тројца пожарникари со едно возило – велат од противпожарната служба.

Според пожарникарите кои беа на лице место, во сообраќајката учествувале три возила,„голф“,„форд“и „опел вектра“.

Повредените биле префрлени во градската општа болница во Кавадарци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.