Сообраќајна несреќа во Неготино, двајца повредени

– Во сообраќајната несреќа се повредени двете лица кои биле во хјундаито. Тие веднаш биле пренесени во болница поради полесните повреди со кои се здобиле. Едниот од нив имал рани на главата од искршеното стакло, па затоа бил задржан на болничко лекување. Во возилото со странска регистрација имало тројца патници, но тие не биле повредени, велат од полицијата.

Според првичните информации, сообраќајната нресреќа ја предизвикал српскиот државјанин кој со своето возило не му дал предимство на неготинецот.

На лице место увид извршија полицијата, јавен обвинител и истражен судија. На странецот му е одземен пасошот, а утре тој ќе биде изведен пред суд.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.