Сообраќајка во Кавадарци, виновникот избегал од лице место

Вечерва околу 19 и 30 часот на улицата ЈНА пред општинската зграда на Локална Самоуправа Кавадарци се случи сообраќајна несреќа. Во судирот учествувале две возила кои претрпеле обострана штета.

Едниот од учесниците го напуштил местото на злосторот и избегал во непознат правец.Според очевидци станува  збор за автомобил со каросерија од моделите на таканаречените џипови со темна боја.

Секоја информација е добредојдена до МВР Кавадарци.

Во другото возило имало мало двегодишно дете. Нема повредени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.