Сообраќајка кај Росоман, еден загинат

Сообраќајката се случила во средата вечерта во 20.20 часот, кога автомобил „опел омега” управуван од 34-годишен кавадарчанец, удрил во мопед „томос” кој бил паркиран на десниот раб од колозовозот.

Момчето кое било на мопедот разговарало со 34-годишен кавадарчанец кој стоел покрај „томосот”.

Автомобилот удрил во нив, при што 20-годишниот Митко Николовски од неготинското село Курија, кој бил на моторот, починал на лице место, додека неговиот пријател со повреди бил однесен во болница.

Повредениот е пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на лице место и се утврдуваат точните причини за несреќата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.