Сонцето и лимонот – решение за глобалниот проблем со водата за пиење

 Овој ‘изум’ се смета за ефикасен начин на отстранување на токсичните бактерии како Е-коли. Сончевата светлина и лимонот заедно делуваат како моќно средство за дезинфекција. Можеби најневеројатниот дел е дека е потребно само 30 минути за да овие ефекти се случат.

Ова исто така може да биде корисно и за голем дел од граѓаните во развиените земји кои исто така немаат соодветни системи за прочистување на водата или пак им е потребно да ја прочистат водата за пиење додека патуваат или се во природа. Секако, на овој начин не може да се отстранат тешките метали (ако ги има во водата) како и други опасни хемикалии. Со додавање на лимон во водата или конзумирање на вода со лимон исто така ефективно може да се борите со мастите во организмот но воедно и да го подобрите својот имунитет.

Во голема мера, многу земји постојано трагаат по нови начини за намалување на бројот на смртни случаи поврзани со болести предизвикани од непрочистените извори на вода. Како резултат на пиење контаминирана вода, половина од пријавените случаи во болница се поради бактерии или други контаминатори. За разлика од другите ‘домашни’ методи за прочистување на водата како што е превривањето, лимонот и сончевата светлина се природен метод за броба против смртоносното оружје како и за било кои други инфекции – сето тоа на многу ефтин начин. Келог Шваб, авторот на истражувањето од Универзитетот Џон Хопкинс објаснува:

“Пристапот кон чиста вода за пиење во многу земји е огромен проблем. Претходните истражувања покажаа дека глобално, половина од болничките кревети се зафатени од луѓе кои страдаат од болести поврзани со водата.”

Се што треба да направите е да додадете природен сок од лимон во водата за која не сте сигурни дека е доволно чиста и истата да ја оставите половина час на природна сончева светлина, комбинација која ќе ги уништи бактериите. Превентивно, ова може да го направите дури и ако сте сигурни дека водата која ја пиете е хлорирана, а не ви пречи малку вкус на лимон.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.