Сомнителните штрудли со смоква повлечени и од кавадаречките маркети
Небезбедниот производ – штрудла со фил од смокви кој беше увезуван во Македонија, поради присуство на микотоксин охратоксин А над максимално дозволените концентрации е отстранет од македонските маркети за храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, презеде мерки за утврдување на фактичката состојба.
По извршените контроли од страна на инспекциските служби, утврдено е дека се работи за штрудла со смокви од проиозводителот “Житопрерада”од Бечеј, Република Србија, производ кој на македонскиот пазар го увезла компанијата “Оз- Ту компани” од Скопје.
Увозникот исто така ги информирал и сите маркети од Кавадарци во кои се продаваше овој производ да го тргнат од сталажите и да го стават во карантин.