Солзавец и гумени куршуми во Бразил
Повеќе од стотина демонстранти синоќа се собрале и влегле во конфликт со полицијата во близина на стадионот “Маракан“ во Рио де Женеиро, пред почетокот на натпреварот помеѓу Италија и Мексико.
На самиот протест учествувале околу 600 демонстранти. Во иднина се планира да почнат да се организираат и други протести низ територијата на целиот Бразил.