Соколов го напушти Фени Индустри

Многумина само шпекулираат околу судбината на кавадаречкиот кошаркарски клуб. Според информациите кои ги добивме, од некои од кошаркарите кои го носеа дресот во изминатата кошаркарска натпреварувачка сезона, се потврдува лошата состојба во клубот. Потврдата за лошата состојба е заминувањето на една од клучните алки на Фени Индустри, нашиот репрезентативец Дарко Соколов во најтрофејниот кошаркарски клуб во државата Работнички. По необјавувањето на договорот со Фени Индустри Дарко Соколов се одлучи да ја прифати понудата на тимот од Градски Парк. Дарко Соколов пред да премине во Фени Индустри има настапувано за МЗТ, Струмица 2005, Вардар, украински Химки и КК Босна од Сараево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.