“Соголена пред тебе” – Силвија Деј

„Соголена пред тебе“ е роман за два сложени лика, Ева и Гидион, чиј страстен однос ги отвора потиснатите незараснати рани од минатото. Дали нивната опсесивна врска исполнета со болна љубомора ќе успее да ги уништи демоните што ги опседнуваат двете намачени и злоупотребувани души?

“Гидион Крос се појави во мојот живот како заслепувачка молња на мрачното небо. Чувството на привлечност што ме запоседна штом го забележав не го бев вкусила дотогаш. Ж­еднеев за неговиот допир како зависник, знаејќи дека ќе му се предадам на милост и немилост. Бев кревка и незаштитена, скршена и намачена, и му се препуштив… Гидион го знаеше тоа… и го искористи. И самиот беше опседнат со демони. Еден на друг си станавме немилосрдно огледало во кое се појавуваа одразите на нашите најдлабоки рани… но и најскриените страсти.
Прангите на неговата љубов ме преобразија, едновремено заплашувајќи ме дека нивната незауздана сила ќе направи да испливаат и да нè раскинат сите трауми од минатото…”

 

 

 
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.