Социјалните групи во Тиквешко живеат во беда и сиромаштија

Сосема е очигледно дека сиромашните семејства се соочуваат со многу социјални проблеми. Како илустрација на ваквата состојба е фактот што голем број семејства имаат потреба од социјална помош. Имено, во Тиквешијата има околу неколку семејства, кои користат социјална помош. И тоа нередовна. Овие социјални примања замав земаат посебно кога е период на предизборна кампања. И тогаш во повеќето случаеви се третира како еднократна помош.Пари, брашно, зејтин…

Доколку собирате пластични шишиња, немате право на социјална помош. Ако “свирите” на музички инструмент онака од кеиф, и некој од мерак ви “залепи” 50 денари заради тоа што сте му ја погодиле песната, и тогаш немате право на социјална помош. Ако одите аргат неколку дена, и тогаш немате право на социјална помош. Со други зборови “Ем те тепа, ем не ти дава да плачеш”.

Меѓутоа, бројот на семејства кои имаат потреба од социјална помош е поголем од изнесената бројка. Имено, одреден број од овие семејства имаат поднесено барање за социјална помош, но поради непотполност на потребните документи, тие не можат да го остварат ова право. Ова ја потврдува тезата дека маргинализираните групи на нашите сограѓани се наоѓаат во безизлезна состојба на сиромаштија. Тоа, исто така, сведочи за „магичниот круг” во кој тие се наоѓаат.

Доста често излезот од лошата социо-економска состојба, одделни лица од овие семејства го бараат во разни нелегални дејности како што е сивата економија, питачењето, проституцијата, препродавање наркотици, трговија со деца и слично. Притоа, за одбележување е дека кај значаен дел од оваа популација, споменатите дејности, не се третираат  како општествено негативни дејствија, туку како начин за преживување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.