Социјални вработувања за цели фамилии на функционери на ВМРО-ДПМНЕ!

Исто така социјално вработување доби и сестрата на поранешниот градоначалник на Битола и актуелен советник од ВМРО ДПМНЕ, Златко Милошевски, обелоденија денска битолските социјалдемократи. Со ова, велат од СДСМ, уште еднаш се потврди непотизмот што го практикува владеачката партија и обвинија дека власта сурово, дрско и безобразно си поигра со социјалните случаи и самохраните родители
-Една од избраните, што случајно ја извлече компјутерот е извесна В.Ш, која „случајно“ е сопруга на актуелниот советник и портпарол на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, Благој Шаклевски. Уште една, што „случајно“ ја извлече компјутерот е извесната Б.М.К, која исто така „случајно“ е родена сестра на бизнисменот, вечниот советник, екс-градоначалник и поранешен координатор на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, Златко Милошевски. Многу случајности на едно место, рече Васко Ковачевски, претседател на ОО на СДСМ во Битола.

Од СДСМ, пак, велат дека имаат сознанија и за други вработувања на истакнати партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ, што ќе ги објават во наредниот период.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.