Видео кое го одзема здивот: неколку мажи фатија девојче при пад од петти кат

Тие веруваат дека девојчето се разбудило и дезориентирано и се качило на прозор. Доставувачите се собрале околу прозорот и дискутирале како да и помогнат. За среќа биле писутни кога на крај паднала, а сетоа тоа било забележано од камерата за набљудување на соседниот објект.

Собраните луѓе успеале да го ублажат нејзиниот пад, а на крај девојчето завршило само со неколку огреботинки на лицето. Меѓутоа, при падот се повредени двајца од мажите, на едниот му е повредена раката, а на другиот вратот.

“Не размислував премногу, само сакав да ја спасам” рекол Lou Goubing, еден од доставувачите од провинцијата Zejiang во источна Кина.

Родителите на девојчето им рекле на новинарите дека само накратко излегле да купат лекови за детето  не ни помислиле дека нивната ќерка би можела порано да се разбуди и да се качи на прозорот.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.