Снежана и седумте жиранти

пишува Александар Дојранлиев

Си било едно девојче по име Снежана, кое си живеело со мајка и и татко и. Мајка и умрела, таткото безделничел. Девојчето пораснало и отишло на работа во конфекција. Снежана земала плата од 8000 денари и едвај го преживувала месецот. Оти била осигурана отишла кај вештерката да подигне кредит. Земала кредит и почнала пополека да го враќа, арно ама лошите услови во стопанството ја оставиле без работа.

Немајќи како да продолжи да враќа кредит, избегала од дома. Вештерката пратила ловец-извршител да и прави пленидба на имот. Бегала Снежана и стигнала до една куќичка. Таму живееле добрите 7 жиранти. Живеела со нив некое време и они и помогнале да го врати кредитот, арно ама вештерката не била задоволна од тоа и сакала преку ловецот-извршител, да наплати, камата, затезна камата, адвокатски трошоци.

Видела дека Снежана е паметна и дека ја ебава како сака, па вештерката решила да ја зафркне и да и понуди еден потрошувачки кредит до 600 илјади денари со 8% каматна стапка со отплата на 10 години. Се преправила како банкарка, лична, како оние од билбордите и и отишла на Снежана. Снежана будала, земала и се потпишала и од кога и текнало што направила и се завртило во глава, осетила мачнина во стомакот, го исповратила доручекот, се тетеравела пола саат на земјата во куќата на 7те жиранти и умрела.

Седумте жиранти кога се вратиле дома, се избезумиле од гледката. Плачеле 14 минути, секој по 2, па се смилувале и и’ направиле ковчег на Снежана за да биде погребана како човек.

Дур го носеле на раце ковчегот со Снежана до капелата која била на угорница, еден од жирантите се потсопнал и сите го испуштиле ковчегот. Ковчегот почнал да се тркала и Снежана од тресокот оживеала и се издрала на цел глас „У ПИ*КУ МАТЕР И КРЕДИТ И СЕ’!!!“

Заедно сите се вратија во скромната куќичка на седумте жиранти. Пуштија вести. Слушнале дека државата пак се задолжила со нов кредит и дека народот треба да го враќа кредитот.

Тогаш главниот жирант, највозрасен од сите, гневно тропнал на масата и кажал:
– „Ај прекини ја приказната!! Ова е премногу и за во приказна!Ебате лудаците ебате“

P.S: Во приказната нема принц оти беше на суд за кредитот на Заспаната убавица

Leave a Reply

Your email address will not be published.