Смртта на идејата

Исцрпена е основната идеја што ги диктираше општествените, културните и политичките процеси, не само последниве осум години – идејата за вемерето! Како некоја заклана свиња таа може да пушти уште некој глас, па и да фати да трча некоја нова историска делница, но сосема е јасно дека нема никакви шанси во натпреварот со историската смрт!

 

Организацијата е жива, но смртта на идејата ќе го отвори и процесот на ликвидација на оваа историско чудовиште и на неговото трајно протерување од егзистенциите и културните матрици на луѓето и на заедницата! Ако веќе и не го има отворено!

Веста за смртта на идејата е објавена како вест за трансформација на националната преродба во сто и кусур чекори во телевизиска фискална лотарија, заедно со преобразбата на министерот за финансии во телевизиски водител на забавни програми, три ранга понизок од Вучиќ и Михајловски! За Зоки и за Боки да не правиме муабет!

 

Ивончето е второто кокиче на смртта. Но не како новинар, зашто таа и нејзиниот шеф никогаш не биле новинари (тие само имаат редакции и едно здружение како неколку други од многуте режимски платформи во медиумската сфера) туку како прилично гласен сигнал дека бродот на власта е полн со дупки. Тодоров, да речеме, е една прекрасна, голема, црна, дупка и сосема неоправдано е турнат во втор план во актуелниот скандал.

 

Луѓето почнаа да разбираат дека тротоарите, фонтаните, спомениците и фестивалите се бартерна вредност што вемерето им ја нуди за нивната држава и за нивните перспективи – и фатија да се преиспитуваат! Тоа е, можеби, клучниот сигнал за смртта! Дури и минималните интензитети на тие преиспитувања прават драстична разлика на бојното поле со оглед на тоа што со никакво преиспитување вемерето не може да ја обнови својата идејна енергија, односно со ништо не може да ја надомести кохезивната, мобилизирачка и мотивирачка моќ на умрената идеја, медиумот што овозможуваше фантастична општествена резонанца за баналниот, дури и сосема празен, индустриски, шаблонизиран, говор на комитите.

 

Отсуството на каква и да е позитивна општествена резонанца на тој говор и на нивните дела е фрустрирачки факт кој ги девалвира и ќе ги прави речиси невозможни политиките на режимот, со отворени опции за понагласена употреба на силата! Деструктивната моќ на режимот нема да паѓа туку ќе расте со натамошното девалвирање на режимските политики. Ете уште еден важен момент!

 

Така што, не толку моменталниот однос на силите колку тенденциите во општествено-политичката и културна конфигурација, даваат основа да се заклучи дека ВМРО и покрај сè, нема да успеа да ја искористи последната шанса да ја убие посебноста на Македонија, а Македонија ќе добие, односно веќе има шанса да му го зарие ножот на својот историски мевосек! Пред да појде на темелна реконструкција и рехабилитација!

 

Каков фантастичен пресврт!

 

Може да се каже дека идејата е изедена од страна на корупцијата во револуцијата, дури, би рекол, од страна на револуцијата како коруптивна идеја. Комитите го освоија македонскиот свет како пешаци, а ќе го загубат како коњаници (Сјоран). Како Ивони, Антониевци, Николевци, Сашовци… како елита, јебо те бог да те јебо!

 

Оваа проекција не е никаква гаранција за Македонија. Таа е само гаранција дека во историската пресметка меѓу ВМРО и Македонија, сепак, ќе победи, Македонија.

 

Многу е важно со каква општествено-политичка и културна содржина ќе биде пополнета празнината што останува зад агонизирачката идеја за вемерето. Јас мислам дека во актуелната констелација на силите и на вредностите, само идејата за културно-политичкото и правно-административното исфрлање на сè што е поврзано со ВМРО од културниот простор на Македонија, од македонската легитимациска основа и од сè што може да се подведе под терминот општи работи на граѓаните на Македонија – од политичкиот систем, се подразбира – може да ја мобилизира општествената енергија и да ја канализира во вистинска насока. Во врска со тоа би било многу добро низ разни граѓански и опозициски слоеви да се разговара и по можност да се вообличат најмалку две иницијативи: прво, иницијатива за забрана односно за прогласување на ВМРО-ДПМНЕ за антиуставна и штеточинска организација која по многу основи ги загрозува перспективите на луѓето (слични иницијативи сме гледале во Турција и тоа исто така во однос на владејачка партија); и, второ, за формирање граѓанско тело кое со меѓународна помош ќе ги контролира постапките на новите власти за враќање на украденото до последната пара и за изведување на криминалците пред лицето на правдата независно од нивната физичка и финансиска кондиција за бегање! Втората иницијатива ќе се стреми да ги сведе ризиците од нови корупции на ми-ни-муууууммм! А првата иницијатива треба да ги дефинира позициите на сите општествени и политички фактори кон едно навистина клучно прашање и на тој начин да помогне во новото бистрење на политичката сцена!

Leave a Reply

Your email address will not be published.