Смртоносниот мирис на моќ

Почитувани сограѓани, ја замолив редакцијата на веб порталот Мојот Град да ми излезе во пресрет и да ми овозможи медиумски простор за да ви се обратам во овој момент како Советник во Општина Кавадарци. Сакав да ја потсетам јавноста кога напишав колумна минатата година и кога алармирав за моментално настанатата ситуација, како обичен граѓанин на општина Кавадарци. Им се заблагодарувам за оваа укажана прилика.

Овој текст го напишаав пред година и пол кога алармирав за фрапантните податоци на новозаболени од рак на територијата на општина Кавадарци. А текстот почнуваше вака:

Сето она што ја одржува толпата во живот , на крај истото тоа ќе биде причината за нивното уништување ” – Умберто Еко

Понесен од актуелната состојба во мојот град и понесен од актуелните нови статистички показатели кои покажуваат дека мојот град е токму прв во (смрт) нешто тоа ме натера да ви ја прераскажам оваа импозантна драма Бела Болест на Карл Чапек во која се пронајдов јас, а ве препознав и вас. Сите вие кои се криете позади маските на моќ.Од неодамна излегоа податоци дека мојот град е прв по ново заболени од рак , од неодамна излезе податок дека мојот град е прв по ново регистрирани зависници од наркотични срества.Од неодамна ислезе анкета која покажува дека поголем процент од младите сакаат да го напуштат своето место на живеење , но што е причината ? Дали сево ова води кон нешто друго освен кон пропаст и кон нездрава нација? Што е она кое што надлежните органи ги прави слепи и глуви пред вистината ? Дали се тоа парите ?

“Ниеднаш не сум се посомневал во вистината на трагите , на знаците, тие се единственото нешто со кое човекот располага за да се ориентира во овој свет.” – Умберто Еко

Немојте да мислите дека сево ова кое што е покажано како знак , како бројка , како статистички податок е само број написан на лист хартија , сограѓани тоа се вашите деца , вашите внуци , тоа е иднината на општеството. Згрозен сум од немоста на органите кои што не зборуваат за вистината . Тие органи не се составени од некои техничко –технолошки изуми па прават несакани грешки , тоа се луѓе на системот кои се седнати во фотељи и за малку пари ги убиваат своите деца, но опиени од опиумот на системот тие не се свесни за тоа. Ќе се разбудат од лавиринтот во оној момент кога Мечката ќе заигра во нивниот двор , а не во дворот на комшијата.

Сепак, во нашево време постојат мнозина, кои ја имаат, или сакаат да ја имаат в раце судбината на народот или на целото човештво, па никогаш и не сум бил намамен кон тоа да создадам еден нов таков примерок, кој би бил свеж и инаков: такви ги имаме за извоз.

Државата, народот и режимот уживаат семоќен авторитет; поединецот, пак, со слободата на својот дух и свеста, со своето право на живот, со својата самоопределба, е напросто физички и морално подреден на божемниот колективен, а во суштина автократски и присилно наметнат поредок. Просто, духот на политичкиот авторитет на денешницава агресивно се натпреварува со европската традиција на моралистичка и демократска хуманост; тој конфликт, година за година, сѐ повеќе се префрла на меѓународен план, иако во основа е внатрешно прашање на секој народ.

Пред да се запознаете со неколку делови од драмата , подолу во текстов ќе ве внесам во мал вовед за да ви биде појасно за што станува збор. ( По појавувањето на Белата Болест – болест која е смртоносна и која не прави разлика помеѓу сиромашните и богатите , помеѓу амали и претседатели , болест која не ги распознава и не го знае значењето и моќта на парите , туку има само една цел да одзема човечки живот и да го сотре човештвото.Но од нигде никаде ќе се појави мала искра на надеж која ќе биде оружје со која човекот ќе треба да се бори против непријателот на човештвото. Таа искра е појавата на најголемиот хуманист Д-р. Гален кој има за цел да го промени вака суровото изградено општество и да ја победи моќта на парите , моќта на влијанието , моќта на оружјето едноставно да ја победи моќта. Тој ќе го измисли лекот со кој ќе се лекува оваа бела болест но нема д асака да го популаризира се додека не се затворат сите фабрики за произвотсво на оружје и не се прогласи мир. Со ова нема д асе слагаат ни сопствениците на фабриките , ни генералите на војските , се до оној момент кога болеста ќе зачука и на нивните врати ) .

Прва слика: Тројца заболени, целите во завои.

ПРВ ЗАБОЛЕН: Чума е ова, чумосана. Кај нас в маало веќе нема куќа без неколку заразени. Му велам на соседон, и вас ви се јавила бела дамка на брада; а тој, ајде бе глупости, ништо не ми е. А денеска, гледам, почнале и нему да му паѓаат цели меса, како мене. Чума е ова, гарант.

ВТОР ЗАБОЛЕН: Каква чума, речи краста. Ја викаат бела болест, ама казна треба да ја завикаат; не може таква болест да се јави од никаде; Бог нѐ казнува.

ТРЕТ ЗАБОЛЕН: Господе боже – Господе боже – Господе боже –

ПРВ ЗАБОЛЕН: Да бе, казна! Баш сакам да знам, зошто сум казнет. Од сиромаштија потаму не сум мрднал; многу чуден е тој господ, што ги казнува сиромасите, не?

ВТОР ЗАБОЛЕН: Чекај, допрва ќе видиш. Засега, ти се шири само по кожата, ама кога ќе те загризе однатре како мене, стопати ќе си речеш, не е ова од ништо, мора да е казна, си има тоа причина –

ТРЕТ ЗАБОЛЕН: Исусе… Исусе, сине божји…

ПРВ ЗАБОЛЕН: Ај да нема причина. Сме се накотиле луѓево ко’ глувци на светов, па мора да нѐ истреби барем пола, да се направи место за други. Тоа ти е. Ти си пекар, и ќе му отстапиш место на друг пекар. Јас сум сиромав, и ќе му отстапам место на друг сиромав, за некој друг место мене, сирома, да го мачи глад. Затоа е чумава дојдена.

ВТОР ЗАБОЛЕН: Каква чума, речи краста. Да беше чума, море, ќе поцрневме, а од крастава сме бели, е, како креда.

ПРВ ЗАБОЛЕН: Бел, црн, исто ми се фаќа; само да не баздам олку.

ТРЕТ ЗАБОЛЕН: Господе боже… Исусе, боже… Исусе Христе, смилуј се…

ВТОР ЗАБОЛЕН: Речи како сакаш, ти си сам; ами дома да се пазиш, од жена ти, од дечињата – дојде ред од мене да бегаат, кутрите. А, и на жена ми ѝ се појави, е олкава бела дамка на гради – Живее до нас еден тапацер, и кога ќе фати да тажи, ноќе-дење, ноќе-дење –

…………

(Телефонот заѕвонува.)

ДРЖАВЕН СОВЕТНИК: (ја крева слушалката) Ало… Да. – Молам? – Добро, знаете дека никого не примам. – Лекар? Како се вика? – Аха, д-р Гален. Препорака има? Не? Па што мајка бара кај мене? – Како да не, „во интерес на науката“! Такви приказни нека им кажува на асистентите; јас со такви „науки“ не се занимавам. – Туку, ајде, кога петпати ме барал човекот, пуштете го нека влезе, само речете му, дека само три минути имам. Да. (Ја спушта слушалката и станува.) Еве, гледате, другар. И како сега човек да се посвети на научна работа!

…….

Прва слика: Семејството на вечерна ламба.

ТАТКОТО: (чита весник) Гледај, „мајче“ нашле лек за болеста. Еве, така пишува.

МАЈКАТА: Како Господ никој не е!

ТАТКОТО: Ете. Гледаш, ти реков. При сета цивилизација што ја имаме, смешно е да изгинат толку луѓе! А педесет години живот ли е, па да мора човек да умира? Ти велам, „мајче“ – чиста среќа што останав жив. Не можеш да не испаничиш – само кај мене на работа рикнаа од бела болест триесетмина, сите средовечни –

МАЈКАТА: Кутрите!

ТАТКОТО: А, да ти кажам нешто – Сабајлево ме викна барон Крог лично, и другар, вели, ни умре шефот на сметководство; ајде, вели, преземете вие, па за две недели и официјално ќе ве именуваме. – Знаеш, сакав да те изненадам дури тогаш, ама на ваков „празник“ – И, како ти се чини?

МАЈКАТА: Па, баш ми е мило – за тебе.

ТАТКОТО: А за тебе не ти е? Сметај, ова е плус триесет илјади годишно! Кажи ми, стои уште тоа шишето вино, што ти го донесов за роденден –

МАЈКАТА: (станува) А децата нема да ги почекаш?

ТАТКОТО: Остави ги нив! Малата е гарант излезена со оној нејзиниот, а малиот утре полага државен. Дај сега, донеси го!

МАЈКАТА: Добро, како сакаш. (Заминува.)

ТАТКОТО: (чита весник) – – Пишува, поопасна била од чумата. Ама, не сме среден век, душо! Не се умира денес така наивно. – (Чита понатаму.) Хм – Види го маршалов, јуначиште! Ретко кој се нафаќа да влезе кај болните. Јас не би. (Го остава весникот, станува, оди да си ги измие рацете.) Што ти значи, шеф на сметководство! Едно темане од мене, шефе! Се наспавте ли, шефе? – Па така-така, знаете, одговорност е голема –ТАТКОТО: Зошто само една? Ти не пиеш?

МАЈКАТА: Не, не – Пиј си сам.

ТАТКОТО: На здравје, тогаш, „мајче“. (Пие.) А едно усте да ми пуштеше?

МАЈКАТА: – Еј, те молам, остај ме!

ТАТКОТО: (си налева) Шеф на сметководство кај Крог – срце, знаеш колку милиони ќе ми поминат низ рацеве, милиони, милиони – во бројки!? Не може тоа некој копиљ да го работи. И после, средовечниве сме биле вишок! Ќе им кажам јас вишок! (Пие.) Кој да ти знаел пред триесет години, кога влегов кај Крог – дека ќе дотуркам до шеф на сметководство! Кариера е ова, „мајче“, не е играчка – сега, што е право, и јас доста се издробив, служев понизно – пази, Крог ме вика другар, а не господине тој и тој, како на гуштерине. Другар, вели, преземете во сметководство – Благодарам, господине барон. Е, со овие зборови. – А да знаеш, за истава позиција се настрвија пет колеги. Ама, до еден испоцркаа. Од бела болест. Да си рече човек –

МАЈКАТА: Што?

ТАТКОТО: Ништо, де, така ми текна – Кога ќе размислиш, малава кај да е ќе ни се омажи – уште зетот да ни се вработи – малиов нека ни положи државен, одма го внесувам кај мене на институт – И после, како да не велам „Фала му на Бога за болеста!“

МАЈКАТА: Немој, човек! Не погани си ја устата!

ТАТКОТО: Ама, така излегува работава! Види, нам болеста ни стори добро, веројатно не сме еднинствени – па, редно е да ѝ заблагодариме на судбината. Да не беше белава болест, не знам – немаше олку добро да си ја наредиме. Затоа. А еве, и неа ѝ го најдоа лекот – ништо не ни може. Само, чекај да дочитам. (Го зема весникот.) Ништо, само аплауз за Сигелиј. Баш на неговата клиника го открија лекот. Еве, и маршалот бил –мораш да го прочиташ ова. Вели, надчовечки подвиг. Богами, и е. Го видов еднаш воживо, на улица, пролета покрај мене – Мажиште. Војник и пол, „мајче“.

МАЈКАТА: А војна… ќе има?

ТАТКОТО: Уште прашуваш. Грев е, при ваков златен војсководец, да нема. Кај нас во Крог, почнаа и во три смени да работат, само за муниција – За ова немој да си зуцнала: почнаа и нов гас да прават – Го сметаат за изум на годината. Баронов гради уште шест фабрики – Замисли, сега, како шеф на сметноводство, каква одговорност ќе имам. А да ти кажам, да не бев олкав патриот, немаше да прифатам. Тоа е тоа.

МАЈКАТА: Не знам… само малиот да не го земат војска.

ТАТКОТО: Море нека си ја исполни обврската – (Пие.) А и денес аскер не е како порано. Срце, ич око нека не ти трепнува: ќе заврши војната за недела дена. Дури да дознаат душманите дека има војна, од нив партал нема да остане. Така е денес, „мајче“: кратко и јасно; сега, остаи ме да читам.

(Тишина.)

ТАТКОТО: (размафтува со весникот) Племето негово! Добро, како се осмелува вака – А весников, уште издава вакви глупости! Море да бев јас, за овој лисиците и право на стрелање! Види го, расколник.

МАЈКАТА: Кој тоа?

ТАТКОТО: Види што пишува – вели, лекот го нашол некојси д-р Гален. И сега тој изјавува оти лекот нема да го издаде на ниедна држава, која нема да потпише вечен мир –

МАЈКАТА: И, што има тука лошо?

ТАТКОТО: Добро, како можеш да си толку проста! Па која држава ќе се нафати денес на такво нешто! Или, милионите за оружје кокошката ни ги снесе! Вечен мир! Бандити! Нека му пропаднат на Крог фабриките, не? Двеста илјади работници, марш на улица! Јасно ти е сега, кај е грешката? Море, нека оди зад решетки таму! Не е револуционер, па да ми зборува овде за мир! Вошлосан еден, со кое право бара цел свет да се разоружа!

МАЈКАТА: Ама, кога го има лекот…

ТАТКОТО: А, тоа уште не се знае! Ако не е овој некој шпион или провокатор, …….

На крајот оваа феноменална драма завршува трагично . Оваа драма како што е исполнета со искра на надеж , искра на живот исто така е исполнета и со искра на уништување , со искра на смрт. Почитуваниот Д-р. Гален кој ќе го пронајде лекот за спас на човештвото , кој ќе ја пронајде искрата на живот а и оружјето надоружјата со кое би направил идеален свет без насилства и убиства без ареа на смрт, на крај ќе згасне со самиот Д-р . Гален. Спасителот , човекот кој ќе има можност да ги спаси луѓето од болеста на крај ќе биде токму линчуван од оние кој што тој ќе сака да ги спаси. Човештвото само на крајот ќе си пресуди .Најголемата болест во светот е токму желбата, чуството за моќ.

На крај сакам да испратам апел токму до најголемите моќници во мојот град , луѓето кои со пари ја замолчуваат паланката и го ампутираат духот на Кавадарчани . Немојте да продолжите со погрешната политика , која ни носи само црнила. Некогаш болеста која што ја ширите , сигурно ќе дојде и кај вас, во тие моменти нема да ја разликувате бојата на парите , ќе станете далтонисти и ќе гледате спас во хуманоста на некој друг .

А на Кавадарчани им порачувам КРЕНЕТЕ ГО ГЛАСОТ НЕМОЈТЕ ДА МОЛЧИТЕ вие сте тие кои што ги создадовте сите тие кои газат по вашата гордост .  

Leave a Reply

Your email address will not be published.