“Smoke Shakers”: “После “Demofest” нашите кариери тргнаа во позитивен правец”

Сепак, времето и напорот не беа залудно потрошени, бидејќи по првата изведба, младиот инди рокерски бенд остави силен впечаток на жирито. На крајот, бендот заврши на третото место, и си заминаа дома со наградата – сценска опрема во износ од 2.000 евра.

Да потсетиме, станува збор за листа од која гласовите на публиката за трите најдобри групи повторно ќе ги доведе да свират во Бања Лука, во јуни, пред седмиот “Jelen Demofest”, а ако “Smoke Shakers” останат на истата позиција , тоа значи дека ќе ги видиме и оваа година, и ќе ги слушнеме двапати.

Во меѓувреме, да видиме што во моментов се случува со оваа петчлена музичка група,  и како освојувањето на третото место на “Jelen Demofest” влијаеше на текот на нивните кариери.

“Ни се случија многу добри нешта. “Jelen Demofest” ни помогна нас, како бенд и име, луѓето да дознаат многу повеќе за нас. По “Demofest” нашите кариери тргнаа во позитивен правец, особено во поглед на настапите. Настапивме на неколку големи фестивали низ Македонија, а имаше и неколку клупски свирки “, вели Горан Цвијановиќ , фронтмен на бендот.

Потсетувајќи на “Jelen Demofesta”, рече дека имало многу моменти кои сигурно нема да ги заборават .

“Дефинитивно не можеме да избереме еден. Најубавите моменти беа дружење и зезање со другите музичари. Се разбира, имавме чест да се запознаеме со некои од нашите музички легенди, од екс- Југославија. Прекрасно си поминавме на сите концерти на “Jelen Demofest”, а и во Бања Лука како град. “, рече Горан, кој успеа да истакне дел од знаменитостите од градот.

Зборувајќи за плановите, открива дека моменталните амбиции на групата Smoke Shakers е завршувањето на нивното деби издание, како и видео материјали.

“Бендот во моментов завршува со својот прв албум, кој ќе излезе наскоро, а потоа, се разбира следува промовирање со цел што подалеку и повеќе да се слушне за нас и нашата музика. Исто така, планираме да снимаме и видео спот, но за ова ќе почекаме малку заради финансии. Но, полека, и тоа ќе биде … “, вели Горан оптимистички и порача: “Ќе се видиме наскоро во Бања Лука!”.

Извор demofest.org

Leave a Reply

Your email address will not be published.