“Smoke Shakers” од Кавадарци на рок фестивал во Бања Лука

За првпат на овој фестивал учество ќе земе и кавадаречкиот рок бенд “Smoke Shakers” кој во втората полуфинална вечер ќе настапат со нумерата “Faith”, а доколку се пласираат во големото финале (а зошто да не) ќе ја изведат нивната најнова песна „Sunny World“. Жири комисијата има високо мислење за перформансите на сите бендови како и впечатокот кој ќе го остават на многубројната публика на овогодинешниот рок фестивал.

“Јелен Демофест“ музичкиот фестивал денеска во бањалучката тврдина Кастел ќе биде свечено отворен во 20 часот. Според програмата на организаторот, првата група која ќе настапува е составена од 17 демо бендови. Натпреварувачите и гостите полека пристигнуваат во градот на Врбаш кој три дена ќе биде во знакот на музиката и интересни случувања.
Фестивалот со официјалната програма сепак ќе започне во 16.00 часот, и тоа во Младинскиот Културен Центар. Програмата започнува со дизајн „PopArt Market“ кој секоја ден од 16.00-20.00 часот ќе биде достапен за посетителите.


Во ДФК пабот, само еден час покасно во 17 часот, својата сликарска изложба под насловот „Ooh Yeah“ ќе ја претстави Давор Гобац фронт менот на познатата „Psihomodo Pop“ како и еден од членовите на жирито на овогодинешниот „Демофест“.
Отварањето на изложбата „Стрип на Република Српска“ предвидено е за во 19.00 часот, во просториите на Младинскиот Културен Центар, а затоа пак, целата програма се преселува во дворот на тврдината Кастел.
По самиот натпреварувачки дел во 23.00 часот на бината ќе се појават добро познатите балкански анархитички настроени музички групи „Dubioza kolektiv“ која по едночасовен настап бината ќе му ја отстапи на белградски „S.A.R.S.“.


За така наречената after party ќе се погрижи од 1:30 до 4.00 часот DJ Xonox. Со неговиот настап ќе биде завршена првата вечер од фестивалот.
Програмата за вториот и третиот ден
Програмата за вториот ден ќе започне со „Manic Drum“ работилница за бибњеви и други ударачки инструменти.
И овој настан ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар од 13.00 – 16 часот. Работилницата ќе се одржи и третата ден во исто време, на која ќе се покажуваат техники од големиот словенски мајстор Маниќ Манија .


Истиот ден во МКЦ, ќе биде одржана двочасовна стрип работилница во 15.00 часот, а одма по завршувањето на работилницата ќе се одржи промоцијата на четвртиот број на стрип списанието „Parabellum“ . Во оваа насока ќе има и предавање под наслов „Стрипови и како да останете нормален ако се со нив занимавате“, во 18.00 часот пред присутните со неколку минутна претстава ќе се обрати најдобриот стрип мајстор на ЕКС Ју просторите Бане Керац.
Другата натпреварувачка вечер ќе настапат 15 демо бендови, а затоа во дворот на тврдината Кастел ќе распалат култните белградски „Partibrejkers“. За првпат на овој фестивал учество ќе земе и кавадаречкиот рок бенд “Smoke Shakers” кој во втората полуфинална вечер ќе настапат со нумерата “Faith”, а доколку се пласираат во големото финале (а зошто да не) ќе ја изведат нивната најнова песна „Sunny World“. Жири комисијата има високо мислење за перформансите на сите бендови како и впечатокот кој ќе го остават на многубројната публика на овогодинешниот рок фестивал. 


Третиот ден од Демофестивалот ќе продолжи со Стрип работилницата на која ќе се претстави Алекс Гаиќ (афтор на анимираниот филм„Technotise – Едит и јас“ ), добитник на бројни награди за иновации и стрип, како и Бобан Савиќ Гето.
Додека музичките финалисти се спремаат за последниот удар, на сцената на тврдината Кастел ќе се одржи двочасовен графити натпревар.
Како и претходните вечери и третата вечер од 20.00 часот ќе почнат демо бендовите со настап, но овојпат оние кои ќе бидат избрани од жирито или финалистите на овој музички фестивал.
Во 23 часот на сцената ќе се појави  Кирил Џајковски, кој ќе се појави во појачана форма со TK Wonder i MC Wasp-om. По настапот на Кирил за првпат на Бањалучката сцена ќе се искачат белградски „Plejboj“. Со последните часови од музичкиот Демофест ќе царува миксетата на DJ Ian Green.

Во првата полуфинална вечер, четврток 18 јули ќе настапат следните бендови со овој редослед:

01. Achromatic Attic
02. Neću žvake hoću kusur
03. Bas i Stega
04. Big Strip Gorila
05. Jack Napes
06. Jah Balebaroshi
07. Fantodrom
08. The Swimming Pigs
09. Noisethrill
10. Republika
11. Šine
12. Strava škola
13. Hangin’ Village
14. Neke face
15. Ti
16. Akoben Electric
17. Buco i Kalašnjikovi

Втората натпреварувачка вечер е во петок  19. јули,  а учество ќе земе и другата половина од пријавените бендови меѓу кои и Smoke Shakers.

01. Dok 7
02. Fraktura mozga
03. Kontradikshn
04. FishyFish
05. Hadži prodane duše
06. The Branka
07. Haos
08. Kvar
09. M.O.B.S.
10. Mirko
11. M.O.R.T.
12. Pink Panker
13. Smoke Shakers
14. Vault of Pain
15. Za Dž

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.