“Smoke Shakers” од Кавадарци го освои третото место на рок фестивалот “Јелен Демофест“
Финалната вечер на која учествуваа десет бендови се одржа синоќа, по двете полуфиналиња со 32 учесници, одбрани од над 450 пријавени на конкурсот. Победници на фестивалот се “M.O.R.T.“ од Сињ, Хрватска, втори се “Kontradikshn“ од Брежице, Словенија. Успехот на “Smoke Shakers” е дотолку поголем што беа едниствен рок бенд од Македонија во натпреварувачкиот дел. Во жирито на фестивалот, меѓу другите беа фронтменот на Психомодо Поп Давор Гобац и еден од најпознатите рок критичари во регионот Петар Јањатовиќ.
Се спрема бурен пречек на момците од нивните фанови и пријатели во Кавадарци..
Марјан Тодоровски