Шминка која свети во темница

Овој новитет е наменет за храбри и самоуверени жени кои уживаат во вниманието и погледите на околината. Имено, станува збор за светлечка шминка која стана апсолутен хит во светот.

Првата козметичка куќа која дошла до оваа идеа е “Make up Forever”. Всушност станува збор за пигмент во прав кој се комбинира со шминката и кој свети во ноќните клубови, поточно под УВ зрави. Може да го нанесете како кармин, на очите, на трепките па дури и на ноктите.

Се ближи летната сезона, идеално време за експериментирања која ќе ве развеселат во топлите денови. Журките се преместуваат покрај реки, езера и море, облеката станува се полесна и во повесели бои, но козметичките куќи се потрудија ова лето да ви биде уште позабавно.

Новитетот во вид на флуоресцента шминка е идеален за журки со пријателите и ќе направи да бидете главни. Доколку сакате да привлечете внимание и погледи кон себе, ова е вистинскиот начин тоа да го направите.

Освен тоа, ќе изгледате шик, секси и привлечно, а другите жени ќе ви завидуваат на смелоста и самодовербата. Па, дали сте спремни за луди летни игри? Доколку одговорот е “да”, набавете ја својата доза од овој магичен прав.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.