За слободно Кавадарци, за слободна Македонија!

пишува Лазар Ставров

Роден сум во Кавадарци, детството, пубертетот, адолесценцијата и почетокот на зрелоста, ги поминав во тој град опкружен со многу паметни и интелектуално просветлени луѓе.

Откако по двегодишно живеење во Чешка се вратив во истиот град, видов дека, градот, луѓето, социјалните аспекти не се веќе исти. Многу „нов, доселен“ народ, кој не го познавам, многу нови генерации и најлошото што го почувствував беше политизираноста на градот од вмроидите, кои му ја земале душата на народот, а и на градот кој некогаш фрлаше далеку светлина.
Револуционерниот град Кавадарци, го нема никаде во моментов, ништо веќе не слушам за него, нит добро нит лошо, спие во својата нова утроба и новото руво кое, го наметнаа вмроидите, а поголемиот дел го прифатија тоа без отпор.

Цела Македонија полека се буди против вмроидското зло, сите градови се исправаат на нозе и излегуваат на единствената слободна зона…УЛИЦАТА !!!
Кавадарци, разбуди се од сонот, немој да се плашиш, никој не ви може ништо, низ улиците на Скопје гледам многу будни кавадарчани, кои доаѓаат индивидуално организирани со единствена цел…рушење на тоталитаризмот на вмроидите…. Излезете на улици, кажете го својот став (ако сеуште го имате?)…изборете се за својата слобода, еден ден ќе треба пак да се поздравуваме како некогаш, нема да ве заборавам јас, а се надевам нема и вие мене…

ЗА СЛОБОДА….СО ЉУБОВ, СО КОПНЕЖ ЗА ПОДОБРО УТРО…
ЗА СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ ЗА СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА !!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published.