Слободата да печете ракија во својот двор е најважната слобода!

Знаете што е овде проблемот? Кога човек ќе ги праша директно застапниците на алтернативата едноставно прашање – добро по ваше мислење која е алтернативата – одговорот е секогаш финта – еве ќе добијам препорака проект да напишам, или општо место, односно се само не одговор. Сега треба да прифатам дека постои Европска опција и едно „големо недефинирано аморфно нешто алтернативно кое е јако у пичку матер, ама не е за кажување“ и обично е поврзано со Турција (членка НАТО, фала на прашањето), БРИК, стратешки сојуз со САД или пак има врска со јадење корења, ама онака гордо. Небаре ЕУ ги исклучува сите овие поврзувања. Освен јадењето корења, се разбира и тоа не до крај доколку се здравствени причини во прашање, па треба да консумирате цвекло!
Извинете господа, ама ако заговорниците на алтернативите немаат мадиња да ја изговорат алтернативата, или пак да ја образложат, а цело време дрндаат волна за неа тогаш таа не постои. Не постои затоа што не е артикулирна, а не затоа што не можна. Дајте мајка му стара, изговорете ги алтернативите и наметнете ги на општествена агенда, затоа постои демократија, само така една политичка нација може да си ја планира иднината – со исцрпување на дебатите за патиштата што ќе ги фати.
Оваа приказна со алтернативите нон-стоп се повторува – истото го правеше и Мирка во една дебатна емисија со мене кога ме праша дали се сложувам со тоа дека една нација мора да ги преиспита сите можни алтернативи за заштита на своите интереси и на својот просперитет. И реков дека се сложувам и ја замолив да ги наброи алтернативите за да ги дискутираме. Веднаш разви невиден интерес за бојата на таванот во студиото и почна да проверува колку кандели имаат рефлекторите.
Така што јунаци – плукнете го камчето и кажете. Ако не кажете, а сте знаеле дека може поинаку и сте се откажале од тоа да ја пласирате алтернативата од „шта чу сад па ја, причини“, а го задржувате правото да мрчите – треба да бидете свесни дека токму вие и вашето однесување ја зацврстува безалтернативноста на европскиот пат. И не сум сигурен како што тврдат некои од нив дека заговорниците на европската идеја се усрани од „мистичната аморфна алтернатива“ или обратно Унијата како олецитворение на Западот е тоа што „аморфниве застапници на нешто што не е Унијата“ ги плаши. Комично е тоа на нашава политичка сцена кои се аргументи се употребуваат против интегративните процеси – речиси сите до еден имаат врска со финта, гег, селски итроштини и сето тоа зачинето со конформизам. Ги плаши на пример дека нема да можат да варат ракија по казани!
Еден од најчестите аргументи за репресивноста на Бриселската демократија и задирање во економските слободи. Затоа што ако не ја вариш ракијата на казан, во полузамрачена просторија и не се засмрдиш на комиње бесповратно умира дел од идентитетот – алкохолниот.
Така подобро е да живееш во алтернатива на деспотско управување по ќеифот на актуелните чауши во тој момент и да бидеш слободен да вариш ракија. Значи да се разбереме – унијата е проблематична структура, комплицирна, бирократизирана и е далеку од идеална, како и секоја човечка твроба и во тој контекст таа мора да биде подложна на критика. Како и впрочем се што треба да биде подложно на критика.
Понатаму мислам дека неизговарањето на алтернативата е страв од јавен судир. Секој си има свои причини за тоа. Но ако не зборувате, како очекувате да бидете сфатени сериозно.
Сите грешат јебо те, а има алтернатива. Е која е? Е не ви кажувам, та-та-та со ушите на вратата. Да сме деца па ајде да сфатам. И на крајот дури и ако сте против и не знаете што е алтернатива, но сметате дека Македонија би изгубила многу од евроинтегративниот процес – тоа кажете го бре…
Ќе изгубиме ова и ова, лошо е ради ова и ова и поткрепете го со факти, па чунки нацијава ќе се свести и со помош на колективно размислување ќе најдеме некое чаре и ние заблудениве и вие алтернативциве! Па дури и ако останете vox clamanti – вреди. Учете од Ванковска која речиси сама ја води дебатата против зачленувањето во НАТО пласирајќи морални аргументи и дилеми за таквата одлука. И тоа со години, осамена на сцената.
Јас можам на пример да ги прифатам многу лесно многу од нејзините аргументи втемелени на моралното прашање на интервенционизмот што НАТО го практикува, и сепак да останам приврзаник на идејата за пристапување кон тоа и такво НАТО пред се заради тоа што тука не се исцрпува прашањето за нашиот влез внатре, затоа што мислам дека таа димензија на Алијансата многу подобро може да се адресира одвнатре отколку однадвор. Нејзиниот глас освестува една друга димензија на официјалната мантра за влез во НАТО, но исто така и се злоупотребува од сите „алтернативци“. НО Е ИЗГОВОРЕН.
Нацијата е мора да ја има и моралната и прагматичната компонента во носењето на крупните политички одлуки предвид, и затоа дискусијата е важна за секоја алтернатива. Значи за последен пат – која е алтернатвата што е изводлива и од која најмногу можеме да искористиме како нација.
И кои се инвеститорите?
Или ќе продолжиме да се подјебаваме криејќи се зад неизговореното со општи места? Зборнете бре! 

Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.