Слобода на информирање на јавниот сервис

Кога на ваков режим не му се случува народ – тогаш секоја идна власт, па макар и демократска и подобра од оваа, секогаш ќе има легитимитет да си игра со народот. Така ни останува традицијата – власта да си го бира народот, а не обратно. Да се мисли со своја глава, и да се биде индивидуалец, пред се, некорумпиран, неврзан и слободен ко птица, денес е тешко, но не и невозможно. Обично на таквите им велат – внимавај, високите политики ќе те проголтаат, оти ним не им одговара таков ум. Aма колку повеќе штрчиш, толку повеќе гледаш од кај дуваат ветровите:)

Затоа, во сабота, во 12 00, пред МРТВ го продолжуваме она што пред неколку недели сам го почна Стојанче Ангелов. За само неколку недели барањето за СЛОБОДА НА ИНФОРМИРАЊЕ на јавниот сервис, заради кое тој излезе сам, веќе го поддржуваат се повеќе и се поразлични граѓани. Сите ние, сакаме СЛОБОДЕН ЈАВЕН СЕРВИС, кој постои за нас и од наши пари! Затоа ги повикуваме сите НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ, ГРАЃАНСКИ ЗДРУЖЕНИЈА, ПОСТОЕЧКИТЕ ПЛЕНУМИ и СИТЕ ГРАЃАНИ без разлика на нивната верска, политичка, национална и сексуална определба, да ни се придружат во сабота, 4 Април, во 12 00 пред МРТВ – заедно да го побараме она што е наше! Зад сите нас стои еден и единствен „интерес“, кој нема цена – СЛОБОДАТА! Кога сите заедно и солидарно ќе ја освоиме – никогаш повеќе нема да дозволиме, на ниедна власт да ни ја одземе! Немаме сендвичи, немаме пари, немаме ветени позиции – имаме само ЖЕЛБА, ХРАБРОСТ И ЉУБОВ што ќе ги преточиме во прекрасна програма, подготвена од срце за сите нас!

ДОЈДЕТЕ ДА СЕ ЗАБАВУВАМЕ, САКАМЕ И ОХРАБРИМЕ СИТЕ ЗАЕДНО и да покажеме дека оваа земја има народ кој знае сам да одлучува за својата иднина!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published.