Славој Жижек: што е автентичен политички настан?

Џулијан Асанж и неговите соработници донесоа вистински и автентичен политички настан. Но што значи тоа, и како влијае врз нашите постапки?

Во декември 2013 го посетив Џулијан Асанж во Еквадорската амбасада лоцирана баш позади Хародс маркет во Лондон. Беше депресивно искуство, и покрај љубезноста на персоналот во амбасадата. Амбасадата е шестособен апартман без дополнителна градина, така што Асанж не може дури ниту да прошета на свеж воздух. Исто така не може да излезе надвор од апартманот во главниот коридор на куќата – полицајците го чекаат таму. Десетина од нив се постојано околу куќата и во некои од околните згради, еден e дури и под прозорот од тоалетот во задниот дел, во случај Асанж да се обиде да избега низ таа дупка во sидот. Апартманот е озвучен од сите страни, интернет конекцијата е сомнително слаба… па зошто Британската држава одлучи да вработи 50 луѓе со полно работно време да го чуваат и контролираат под легален изговор дека тој одбива да замине во Шведска каде ќе биде испрашан за минорни сексуални злодела (нема обвиненија против него!)? Треба да се биде Тачерист и да се запраша: каде е строгата политика овде? Ако некој што е како мене беше баран од Шведската полиција за слично испрашување, дали Британија ќе вработеше 50 луѓе да ме чуваат? Сериозното прашање тука е: од каде потекнува таквата бесмислена прекумерна желба за одмазда? Што направи Асанж, неговите колеги и извори/поткажувачи за да го заслужат ова?


Jacques Lacan предложи како аксиома на етиката на филозофијата: “Не правете компромис за вашите желби.” Зар не е оваа аксиома исто така прецизна ознака за делата на поткажувачите? И покрај целиот ризик која нивната активност ја носи, тие не се подготвени за компромис за себе – за што? Ова не’ носи до идеата за настан: Асанж и неговите соработници донесоа вистински и автентичен политички настан – тоа е онoj од коj секој може да ја разбере насилната реакција на властите. Асанж и колегите често се обвинувани дека се предавници, но тие се нешто повеќе (во очите на властите) – да ја цитирам Аленка Жупанчиќ:


 “Дури и ако Сноуден би ги продал своите информации дискретно до друга разузнавачка служба, овој чин повторно би се сметал како дел од ‘патриотските игри’, и ако е потребно тој би бил ликвидиран како ‘предавник’. Како и да е, во случајот на Сноуден, се соочуваме со нешто сосема поинакво. Се соочуваме со постапки кои ја ставаат под прашање самата логика, самиот статус кво, кој веќе некоое време служи како единствена основа за сите ‘Западни’ (не)политики. Со постапка која ризикувате се’, без да сметате на профитот и без своите влогови: го презема ризикот бидејќи се базира на заклучокот дека она што се случува е едноставно погрешно. Сноуден не предложи алтернатива. Сноуден, или подобро, логиката на неговата постапка, како на пример постапката на Бредли Манинг пред него – е алтернативата.”


Овој пробив на Wikileaks е убаво обвиткан од ирочничното самоопределување на Асанж како ‘шпион за луѓето’: ‘шпионирање за луѓето’ не е директна негација од шпионирањето (кое повеќе би значело да се делува како двоен агент, да се продаваат нашите тајни на непријателот) но е само – негирачко, т.е., ги поткопува најосновните принципи на шпионирањето, принципот на тајност, со оглед дека неговата цел е да ги направи тајните – јавни. Тоа всушност функционира на начин сличен на оној како што требаше да функционира ‘диктатурата на пролетаријатот’ на Маркс (но се разбира, ретко беше така): како непосредна самонегација на основните принципи на диктатурата. Нo оние кои продолжуваат да го сликаат страшилото на Комунизмот, треба да им одговориме: oна што Wikileaks го прави е практикување на комунизмот. Wikileaks едноставно донесува заедништво на информациите.


Во борбата на идеи, издигнувањето на буржоаскиот модернизам беше презентиран од француската Енциклопедија, гигантска инвестиција за презентирање на сето расположливо знаење, на систематски начин до широката јавност – примачот на ова знаење не беше државата туку јавноста како таква. Може се чини дека Wikipedia е веќе денешната енцикопедија, но нешто во неа недостасува: знаењето кое е игнорирано и потиснато од јавниот простор, потиснато бидејќи се однесува точно на начинот на кои државните механизми и агенции не’ контролираат и регулираат сите нас. Целта на Wikileaks треба да биде да го направи знаењето достапно за сите нас со едноставен клик. Асанж е денешниот Д’Аламберт, организаторот на оваа нова енциклопедија, енцикопедијата за вистинските луѓе бара независна интернационална база, така што понижувачката игра една голема држава против друга (како што Сноуден мораше да бара заштита во Русија) ќе биде сведена на минимум. Нашата аксиома треба да биде тaа дека Сноуден и Пуси Риот се дел од истата борба – чија  борба?


Нашите информациски заедници неодамна се појавија како еден од главните домени на класна борба во два од нејзините аспекти, економскиот во потесна смисла и социо – политичкиот. Од една страна, новите дигитални медиуми ни се спротивставуваат кон безизлезната положба на ‘интелектуална сопственост’. WWW изгледа дека по својата природа е Комунист, стремејќи се кон слободен проток на информации – CD – ата и DVD – ата постепено исчезнуваат, милиони едноставно симнуваат музика и видео, главно бесплатно. Ова е причина зошто бизнис заедницата е посветена на очајничката борба да ја наметне формата на приватна сопственост врз овој проток. Од друга страна, дигиталните медиуми (особено со скоро универзалниот пристап до интернет и мобилни телефони) отворија нови начини за милиони обични луѓе да формираат мрежа и да ги координираат своите колективни активности, додека во исто време им нудат на државните агенции и приватните компании нечујни можности за следење на јавните и приватни постапки. Во оваа борба Wikileaks интервенираше на таков експлозивен начин.


Во неговите “Белешки кон дефиниција за култура”, Т.С. Елиот посочил дека постојат моменти кога единствениот избор е оној помеѓу ерес и неверување, кога единствениот начин да ја задржиш религијата жива е да извршиш секташко одделување од нејзиното тело. Ова го направи Wikileaks: нивната активност е базирана врз увидот дека единствениот начин да ја задржиме нашата демократија жива е да направиме секташко одделување од нејзиното основно институционално тело на државни апаратури и механизми. При извршување на ова, Wikileaks направи нешто нечујно, редефинирајќи ги координатите на она што се смета за можно или допуштено во јавниот простор. Напишав книга за концептот на ‘настан’, точно за да се создаде простор за соодветно разбирање на феноменот како Wikileaks, кога политичкото делување не само што ги нарушува најбитните правила туку создава свои нови правила и налага нови етички стандарди. Она што досега го земавме како очигледно само по себе – правото на државата да не недгледува и контролира – сега се гледа како многу проблематично; она што до сега го сметавме за нешто криминално, чин на предавство – откривајќи ги- државните тајни – сега се јавува како херојски етички чин.


Од овој краток опис, веќе може да забележиме како настанот е лоциран во наративното поле. Нашето историско искуство е формирано како наративно, т.е., ние секогаш ги лоцираме вистинските случувања внатре во наративот што ги прави дел од безначајна приказна. Проблемите се јавуваат кога неочекуван руиниирачки пресврт на настаните – почеток на војна, длабока економска криза – не може повеќе да биде вклучен во постојаниот наратив. Тогаш, се зависи од тоа како овој катастрофален пресврт ќе биде симболизиран, на која идеолошка интерпретација или приказна ќе се наметне и ќе ја одреди генералната перцепција на оваа криза. Кога нормалниот тек на работите е прекинат трауматично, полето е отворено за идеолошки натпревар – на пример, во Германија во доцните 1920 – сети, Хитлер го доби натпреварот за наративот кој ќе им ја објасни на германците причината за кризата во републиката Веимар и излезот од неа (неговото семе беше Еврејското семе); во Франција во 1940 наративот на Маршал Петаин победи во објаснувањето на причините за Францускиот пораз. И истото важи и за сегашната финансиска и економска криза: кој наратив ќе преовладува? Дали ќе биде неолибералниот, обвинувајќи ја силната држава, конзервативниот, жалејќи ја загубата на традиционалните вредности, или редикалниот, оној на Левичарите, застапувајќи радикални еманципаторски политики? Настанот е успешното наметнување на нов наратив кој би ја направил историската ситуација повторно читлива за оние вовлечени во неа.


Важната лекција од овој пример на Фашизам е дека постојат и таканаречени негативни настани. Замислете општество кое во својата етичка материја целосно ги интегрирало големите модерни аксиоми за слобода, еднаквост, демократски права, должноста на општеството да обезбеди образование и основна здравствена заштита за сите негови членови, и кое го смета расизмот или сексизмот едноставно неприфатлив и бесмислен – нема потреба да се расправа против, да речеме, расизмот, со оглед дека секој кој отворено се залага за расизам веднаш се смета за чуден ексцентрик кој не може да се сфати сериозно, итн. Но тогаш, чекор по чекор, овие достигнувања се уриваат, некој може отворено да пропагира расизам, да се залага за тортура, итн. Дали Хитлер не правел вакво нешто? Зарем неговата порака до германците не беше ‘Да, ние можеме …’ – да убиваме Евреи, да ја уништиме демократијата, да делуваме расистички, да нападнеме други нации? И зарем не сме сведоци на знаци за слични процеси денес?
Кон средината на 2013, два јавни протести беа најавени во Хрватска, земја во длабока економска криза, со висока стапка на невработеност и длабоко чувство на очај меѓу популацијата: синдикатите се обидоа да организираат собир за подршка на правата на работниците, додека десното крило на националистите започна протест против употребата на кириличните букви на јавни згради во градовите со Српско мнозинство. Првата иницијатива на големиот плоштад во Загреб донесе стотици луѓе, втората успеа да мобилизира стотици илјади луѓе, исто како и фундаменталистичкото движење против геј браковите. Хрватска е далеу од исклучук во тој поглед: од Балканот до Скандинавија, од САД до Израел, од централна Африка до Индија, доаѓа ново Мрачно Доба, со етнички и религиозни страсти кои експлодираат, со Просветлувачки вредности кои опаѓаат. Овие страсти демнеја во темнината постојано, но она што е ново сега, е целосната бесрамност при нивното појавување.


Овие тековни процеси на поткопување на самите основи на нашите еманципаторски достигнувања завземаат место на различни нивоа. Дебатата за тоа дали симулираното давење е тортура или не треба да се отфрли како очигледна глупост: зошто, ако не поради причинувањето болка и страв од смрт, симулираното давење ги отежна разговорите со оние осомничени за терор? Како замена за зборот ‘тортура’ со ‘унапредена техника на испрашување’, треба да забележите дека тука се соочуваме со продолжение на Политички Коректната логика: на сосема ист начин како што ‘инвалидите’ стануваат ‘телесно инвалидизирани’, ‘тортурата’ станува ‘унапредена техника на испрашување’ (и, зошто да не, ‘силувањето’ може да стане ‘унапредена техника на заведување’). Треба да инсистираме на оваа паралела помеѓу тортурата и силувањето: што ако треба на филм да се прикаже брутално силување на ист неутрален начин, тврдејќи дека треба да го избегнеме ефтиниот морализам и да започнеме да размислуваме за силувањето во целата негова комплексност? Нашиот инстинкт ни кажува дека овде има нешто страшно погрешно: би сакал да живеам во општество каде силувањето е едноставно сметано за неприфатливо, така што секој кој се расправа за тоа е екцентричен идиот, не во општество каде што треба да расправам против тоа – и’ истото важи и за тортурата: знак за етички напредок е фактот дека тортурата ‘догматски’ се одбива како репулсивна, без било каква потреба од аргументација. Па што е со аргументот на ‘реалистот’: тортурата се случува одсекогаш, во (блиското) минато дури и повеќе, па нели е подобро барем јавно да зборуваме за тоа? Ова, баш ова, е проблемот: ако тортурата се случувала секогаш, зошто оние на власт ни зборуваат отворено за неа баш сега? Постои само еден одговор: за да ја нормализираат, т.е. да ги намалат нашите етички стандарди.


И од круцијално значење е да се забележи оваа етичка регресија како спротивност на експлозивниот развој на глобалниот капитализам – тие се двете страни од истата паричка. Па како стоиме денес? Можеби, дури и не стоиме туку само навалуваме напред на многу специфичен начин. Во близина на детскиот музеј во Сеул, се наоѓа чудна статуа која, на оние не – иницираните, не може а да не им изгледа како сцена на екстремна вулгарност: изгледа како група момчиња кои се наведнуваат нанапред еден зад друг и ги забодуваат своите глави во ректумот на момчето пред нив, додека првото момче стои напред од низата и ја држи главата на првото момче кое е наведнато притисната во неговите препони. Кога се распрашавме, бевме информирани дека статуата е едноставно слика на malttukbakgi, забавна игра која Корејските момчиња и девојчиња ја играт во средношколските денови, има два тима: тимот А има едно лице навалено на зид и остатокот од тимот ги има завлечено главите во нечии друг задник за да се формира нешто што изгледа како долг коњ. Тимот Б потоа скока врз коњот од луѓе еден по еден, секој отскокнувајќи со онолку сила колку што може: ако било кој, од било кој тим падне на земја, тој тим губи.


Зарем оваа статуа не е совршена метафора за нас, обичните луѓе, за нашата положба во денешниот глобален капитализам? Нашиот поглед е органичен на она што може да го видиме со глава забиена во задникот на човекот пред нас, и нашата идеjа за тоа кој е нашиот Господар е човекот напред чиј пенис и/или јајца, е првиот човек во низата, изгледа дека ги лижe – но вистинскиот Господар, невдлив за нас, е оној кој слободно скока на нашиот грб, автономното движење на Капиталот.


Како, тогаш да продолжиме во таква заплеткана ситуација? Постои прекрасен Шкотски глагол tartle кој го означува непријатниот момент кога оној кој зборува привремено заборава нечие име (вообичаено името на својот/својата партнерка во разговорот) е глаголот се користи да се избегне тоа повремено посрамотување, како: ‘Извинете, тартлирав за момент!’ Зарем сите ние не тартлиравме последната деценија, заборавајќи со името ‘Комунизам’ да го назначиме крајнит хоризонт на нашата еманципаторска борба? Дојде времето комплетно да го запомниме овој збор – неговата потполна јавна рехабилитација би била сама за себе автентичен политички настан. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.