Скулптурката Стевановска ги одбива обвинувањата дека и дале парична помош од општина Центар

– Јас не живеам на таа адреса, ниту имало пожар во мојот дом, ниту сум добила помош. Таа Валентина ако постои не сум јас – изјави скулпторката за Либертас.

Стефановска реагира и на сумите за хонорарите за скулптурите објавени од порталот. Тврди дека документи колку хонорари добила за скулптурите има и дека сумите не се ни приближно такви.

ОРИГИНАЛНАТА ВЕСТ:

Скулпторката Валентина Стевановска творец во проектот Скопје 2014, која стои зад некои од грандиозните споменици, добила парична помош во висина од 62000 денари за санирање на последиците од опожарувањето на нејзината семејна куќа, со одлука на претходниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, 94-та седница на 21.12.2012 година.

Порталот потсетува дека споменикот на Александар Македонски беше поставен во јуни 2011-та година, за што на најангажираната уметница во проектот Скопје 2014, Валентина Стевановска и бил исплатен хонорар од околу 2,5 милиони евра.
Скулпторката Валентина Стевановска со работа започнува во текстилната конфекција, па од дипломирање до капитални споменици и академска позиција за три години до „Воин на Коњ”.
Пред неколку месеци Жерновски тврдеше дека Стефановска во Италија патувала вкупно 25 пати на сметка на општината.

Од порталот велат дека информацијата и документите ги добиле на својот маил и се уште немаат потврда за нивната веродостојност.

Извор Либертас

Leave a Reply

Your email address will not be published.