Скриени подесувања за Galaxy телефоните

Апликацијата е наречена „Galaxy Note 2 Hidden Settings“, а за да ја користите нормално ќе треба вашиот телефон да има root. Значи, да нагласиме, ова функционира само на РУТИРАНИ Android уреди. Апликацијата ви овозможува брзо и едноставно да ги менувате скриените сетинзи, како на пример:

– Додавање на опција за гасење на звукот на камерата
– Вклучување на Infinite Scroll модот во менито на уредот
– Зголемување на бројот на контакти кои можете меѓусебно да ги поврзете
Секако, овие промени можете да ги направите и самите, доколку се „занимавате“ со едитирање на системските фајлови, но тоа знае да биде ризично и постои можност да го расипете оперативниот систем. Преку оваа апликација, сето тоа е брзо и безболно.

 

Забелешка: Апликацијата не е компатабилна со AOSP ромовите.
Тестирани уреди:

Galaxy Note 2
Galaxy S4
Galaxy Note 1 (интернационалната верзија)
Симнете ја преку следниот линк.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.