Скопје 2014 пред обвинителството

 -Како што можеше да се увери и јавноста, постојат сериозни елементи и индиции за незаконско работење што претставува основа за постапување на Јавното обвинителство. Се разбира дека во оваа цела незаконитост не треба да се бара вина само во претходната локална власт, туку и од централната власт, поточно од Министерството за култура кој е директниот поттикнувач. Предметот кој денеска му е предаден на Обвинителството претставува одлична шанса според македонската јавност и меѓународната заедница, оваа државна институција да покаже дека предметите не ги третира различно и е можност да се докаже дека судството во Македонија функционира и еднаш засекогаш да почнеме да ги бришеме негативните коментари кои ги добиваме дека имаме партизирано судство, рече Жерновски на предавањето на документот до обвинителството.

Извор sky.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.