Скопје е загадено, петиција од граѓаните

Стоп на прекумерното загадување во Скопје“, граѓани со својот глас и поддршка бараат од премиерот Никола Груевски итна интервенција, без одлагање, бидејќи велат состојбата е алармантна.

Граѓаните можат да ја потпишат петицијата и да апелираат надлежните да не дозволат Скопје да стане втор Велес. Здравјето велат, нема цена.

Еве што стои во пораката до премиерот:

Почитуван г-дин Премиер,

Поради непостоење на слух на институциите индиректно под Ваша надлежност, Ви се обраќаме директно Вас како претседател на Владата и носител на извршната власт во Република Македонија. Ви се обраќаме Вас, бидејќи чувствуваме лична граѓанска одговорност и одговорност пред идните поколенија на нашата држава.

Г-дине Премиер, во изминатите месеци и години неми сведоци сме на прекуемрно загадување на човековата средина во градот Скопје, а особено во општините Аеродром и Гази Баба. Аерозагаденоста е неподнослива и кулминира во вечерните часови. Истата се манифестира во концентриран чад и неподнослива срмрдеа и се одразува крајно негативно врз здрјавето на сите граѓани, а особено најмладата поплуација. Ситацијата од ден во ден станува алармантна.

Во изминатиов период група граѓани ги повикаа надлежните институции да преземат конкретни мерки. За жал и директно надлежното министерство за заштита на животната средина не покажува активност, и го одолговлекува решавањето на проблемот за во иднина. Под изговорот дека се изработува физибилити студија, или дека загадувачите се несовесни индивидуалци, проблемот не само што не се разрешува тука загадувањето од ден во ден зазема загрижувачки рамки. Таквиот пристап во решавање на проблемите како граѓани го отфрламе и го разбираме како купување време на товар врз здравјето на сите граѓани.

Почитуван г-дин Премиер,

загадувањето на животната средина во населбите Аеродром и Гази Баба е алармантно и бара Ваша итна реакција без одлагање. Очекуваме од Вас да им наложите на ресорните министерства, да го лоцираат загадувачот веднаш и да изречат санкција во согласност со позитивните прописи во Република Македонија.

Почитуван г-дин Премиер,

Не дозволувајте Главниот град да стане втор Велес. Товарот на целото општество е далеку поголем и несогледлив на долг рок, во споредба со материјалното богатство на неодговорни и несовесни поединци.

Извор А1ОН

Leave a Reply

Your email address will not be published.