Скандалозно:Со одлука на советот на општината, “скратени” преку 4.000.000 денари наменети за граѓанскиот сектор во Кавадарци

На последната седница од Советот на Општина Кавадарци, советниците донесоа одлука за распределба на финансиски средства за подршка на невладините организации. За тековната 2014 година се распределија финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци на 19 Здруженија на граѓани, со поднесување на претходна пријава за подршка на невладините организации од буџетот на Општина Кавадарци.

Доколку се напрви споредба на цифрите поомеѓу првично планираните средства и оние кои се одобрени, ќе се заблежи драстична разлика и од неколку милиони денари. Со проектирањето на буџетот за 2014 година предвидени се вкупно 4.580.000 денари наменети за граѓанскиот сектор од општина Кавадарци. Доколку на ова се додаде и принтањето на каталози – 30.000 денари, ангажирање на експерти – 10.000 денари и коктелот кој треба да се организира помеѓу невладините организации, бизнис секторот и јавните институции на Општина Кавадарци, ќе се дојде до една вкупна бројка од 4.650.000 денари.

Меѓутоа на терен ситуацијата е сосема поинаква. Вкупните финансиски средства кои ќе бидат доделени на граѓанскиот сектор во општина Кавадарци изнесуваат скромни 375.000 денари односно цели 4.000.000 денари помалку од зацртаното.Целокупната кавадаречка јавност прашува зошто предвидените средства се толку драстично намалени? Која е причината за таквото намалување? Дали претстојните претседателски а и предвремени парламентарни избори имаат своја цена и директно влијаат на оваа одлука? Дали е можно со толку малку финансиски средства да се развива граѓанскиот сектор во општина Кавадарци? Дали општина Кавадарци има стратешки насоки во однос на делувањето на невладините организации?

Исто така и апсурдна е и одлуката што некои невладини организации добиле “дури” 10.000 денари за проект.Па каква е таа одлука да на здружението на глуви лица се доделат едвај 10.000 денари, додека за коктел забава се предвидени цели 30.000 денари? Која е логиката на ваквата распределба?

Во продолжение ви го прикажуваме списокот на невладини организации кои добија финансиски средства од буџетот на Општина Кавадараци за 2014 година:

1.  Здружение на глуви и наглуви лица – Кавадарци, распределени се 10.000 денари;

2.  Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко-Живот“, Кавадарци, распределени се 30.000 денари;

3.  Здружение за алтернативна култура „Алтер Центар“, Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 20.000 денари;

4.  Организација за жени „Визија“ Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 10.000 денари;

5.  Здружение на граѓани „Васил Хаџиманов Јуниор“,добиени финансиски средства во износ од 20.000 денари;

6.  Здружение „Винотек“Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 20.000 денари;

7.  Здружение „Чекор кон Европа“ Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 30.000 денари;

8.  Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 15.000 денари;

9.  Здружение на граѓани „ЗОНА“ Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 30.000 денари;

10.  Друштво на ликовни уметници, добиени финансиски средства во износ од 20.000 денари;

11.  Здружение на Млади „Креактив“, добиени финансиски средства во износ од 10.000 денари;

12.  Здружение на „Ластарчиња“,добиени финансиски средства во износ од 30.000 денари;

13.  Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“,добиени финансиски средства во износ од 10.000 денари;

14.  Здружение на лица со телесен инвалидитет „МОБИЛНОСТ“ Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 10.000 денари;

15.  Здружение на слепи лица Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 10.000 денари;

16.  Планинарско спортско друштво „Орле“,добиени финансиски средства во износ од 20000 денари;

17.  Сојуз на здруженија за техничка култура „Народна Техника“,добиени финансиски средства во износ од 30.000 денари;

18.  Организација на Црвен Крст Кавадарци, добиени финансиски средства во износ од 30.000 денари;

19.  Здружение на спортски риболовци „Рибари Оскар“ , добиени финансиски средства во износ од 10.000 денари.

Вкупно, според оваа распределба на финансики средства се распределуваат 375.000 денари за Здруженијата на граѓани и невладини организации. Финансиските средства ќе се исплатат по Програмата Г1 Трансфер до Невладините организации и други трансфери.

Сите одобрени финансиски средства треба да се користат за проектните активности предвидени во апликацијата/пријавата која е во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации и врз Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондации. Јавниот оглас за распределба на средствата за подршка на Невладиниот сектор е објавен на 14.11. 2013 година. Во самата “Програма за Развој на Невладиниот Сектор“ предвидени се 4.650 000 денари, средства кои треба да се распределат од Буџетот на Општина Кавадарци.

Табеларен приказ за расходите, според „Програмата за Развој на Невладиниот Сектор за 2014“.

1.

Организирање на настан „Коктел помеѓу невладините организации , бизнис секторот и јавните институции на Општина Кавадарци“.

30.000 денари

2.

Принтање на каталози

30.000 денари

3.

Ангажирање на експерти

10.000 денари

4.

Трансфер до невладините организации за реализација на планираните активности согласно објавениот повик за подршка на здруженија на граѓани и фондации

4.580.000 денари

 

Вкупно

4.650.000 денари

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.