Скандал со тендерот за зонското паркирање во Кавадарци, сменети членови на комисијата!

Целиот овој процес црпи многу сомнежи дека градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, ја одигрува главната улога

Хаосот со сообраќајот кој се случува во општина Кавадарци последниот период, ги наведе надлежните во локалната самоуправа на општината да на 20.04.2016 година донесат одлука за започнување постапка за доделување на договор за концесија за давање на услуги на паркирање во општина Кавадарци.

За таа намена формирана е и посебна комисија од страна на градоначалникот Александар Панов. Во членот 8 за спроведување на оваа постапка се вели дека комисијата треба да биде составена од еден член на опозицијата и еден член на позицијата со по еден нивен заменик.

Од страна на опозицијата, членови беа Зоран Бањански, советник во општина Кавадарци од составот на СДСМ а негов заменик член во комисијата е Милица Андова, исто така советник од редовите на СДСМ.

Пред два дена, на изненадувањата на целокупната кавадаречка јавност, градоначалникот Панов донесува решение за изменување и дополнување на Решението за формирање на комисија. Во решението ги брише од член и заменик член Бањански и Андова а на нивно место става советници од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев и Слободан Ивановски.

Зоран Бањански воопшто не е изненаден од ваквите континуирани скандалозни одлуки во последен момент од страна на градоначалникот Панов. Вели дека општина Кавадарци ќе биде ортак со некој приватен партнер каде општината е со 6 милиона евра учество а партнерот – не се знае, најмногу до 100 иљади евра:

 

[su_quote cite=”Зоран Бањански, советник во општина Кавадарци”]Градоначалникот најверојатно е силно притиснат од некој партиски функционер да го реализира зонското паркирање. Што побрзо, со цел пред да ја изгубат власта да запоседнат се што е јавно односно државна сопственост. Во самиот процес на реализација на зонското паркирање дискутабилни се сите фактори, не еден туку сите. На пример: моделот јавно приватно партнерство (зошто ЈПП?), потоа цената на концесија која најпрвин беше 46.000 € па со нивна одлука се намали на 30.000€, потоа комуналната такса од 15%  намалена на 12%, бројот на вработени од 33 на помалку односно колку сака концесионерот, потоа намалување на инвестицијата од 269.000 евра на колку ќе има потреба концесионерот (тој или нема да набаве пајак возило или ќе го набаве најевтино), а со тоа прво ја става под сомнение исправноста на донесената одлука за ЈПП а не јавно претпријатие. Замислете, ние како општина ќе бидеме ортаци со некој приватен кога ние имаме 6 милиона евра учество а тој – не се знае, најмногу 100 иљади евра? Значи се што е како можен приход за општината, советниците на ВМРО на предлог на градоначалникот го намалеа во користт на концесионерот. Три пати лицитација има и никој не излегува на лицитација. На техничкиот дијалог се јавува една фирма која во дијалогот постојано укажува дека физибилити студијата која самиот градоначалник си ја порача и на основа на која се донесе одлука да биде ЈПП е неточна. Ако инвестицијата во реализацијата на зонското паркирање е критериум за тоа кој ќе го земе овој тендер,  зошто тогаш му се дава на приватен партнер а не е јавно претпријатие? Затоа што во јавното претпријатие ќе има сведоци повеќе за тоа колку се заработува а во приватното ортакот пола пари ќе ти ги даде на рака. До сега еден член на позицијата бесе Трајче Грков а негов заменик Диме Зарков, а јас и Милица Андова од опозицијата. А сега градоначалникот нас не заменува со Зоран Јованчев (член) и Слободан Ивановски (заменик), двајца советници од ДПМНЕ. Сега комисијата нема опозиција. Сега што се случува? Сега треба да се одржи комисијата за да помине техничкиот дијалог и потоа експресно брзо ќе го дадат на тендер. Ако веќе не е одржана комисијата.[/su_quote]

паркирање

Целиот овој процес, неговото дејство и начинот на кој се изведува односно доделува зонското паркирање на приватен партнер наместо на јавно претпријатие од Кавадарци, црпи многу сомнежи дека на крајот на краиштата сето се сведува на партиска игра во која градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, ја одигрува главната улога.

Јавноста се сомнева во работата на градоначалникот, обвинуваат дека од моментот кога е седнат во градоначалничката фотеља работи исклучиво партиски обврски и извршува наредби од повисоки државни функционери. Неговата улога и улогата на ВМРО-ДПМНЕ во погребувањето на лозарството во тиквешијата никогаш нема да остане заборавена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.