СКАНДАЛ: Фени Индустри давал поткуп на Министерството за животна средина?

Директорот на Управата за животна средна како и една инспекторка од Државниот инспекторат за животна средина се меѓу приведените во вчерашната голема акција на МВР во Министерството за животна средина.

Како што дознава Press24 од неофицијални извори во истрагата, приведените се сомничат за злоупотреби во службата.
Неофицијалните информации говорат дека компанијата Фени Индустри за да си обезбеди подобра позиција, им плаќала пат до Англија за да гледаат натпревари на Манчестер Јунајтед. Извори велат дека други фирми давале друг вид на поткуп.

Во Акцијата на МВР уапсен е директорот на Управата за животна средина И.Т., инспектор во Државниот инспекторат за животна средина Л.Г. и помлад соработник во секторот за општи работи при Управата за животна средина .А.Р., Тројцата вработени се уапсени за несовесно работење и за примање поткуп.

Основниот суд Скопје 1- Скопје им определи превентивни мерки: забрана за напуштање на живеалиште, обврска лицaта повремено да се јавуваат кај определено лице во Судот и забрана за преземање определени работни активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published.