„Сите деца со исти права! За подобро утре!“

 

По повод Светската недела на детето Совет за превентива против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје и Центар за едукација и развој – Теарце во партнерство со Коалицијата на младински организации СЕГА од 05-11 Октомври ќе реализираат повеќе локални акции создадени од  четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци.  Овие деца беа дел од вториот Летен камп 2015 во Струга, во состав напроектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација” . Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои беа дел од кампот имаа за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на децата и исто така да ги научат начините и методи со кои можат да ги промовираат детските права и интеркултурната комуникација. Активностите кои ќе се спроведуваат се дел од кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Овие активности се организираат во состав на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој го имплементираат во партнерство,  Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превентива против малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детскатафондација „Песталоци“.

Советот за превентива против малолетничка деликвенција во склоп на своите активности за одбележување на Неделата на детето, првиот ден го започна со посета на малиот групен Дом и преку игри и песни и работилница ги презентираа детските права и интетркултурната комуникација.

sppmd-kav3

sppmd-kav

Распоред на локации од Кавадарци, дел од кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Кавадарци

05 Октомври – Посета на “Мал Групен Дом” и одржување на работилница на тема детските права и интеркултурна комуникација – 12 00ч

06 Октомври – Посета на Специјалната паралелка при Основното училиште Страшо Пинџур Кавадарци – 11 часот

07 Октомври  – Флеш Моб – Главен плоштад, 13 00ч.

08 Октомври – „Драмска претстава“ – 12 00ч младинскиот клуб на СППМД, (Младински информативен Центар Кавадарци)

09 Октомври – Работилница на тема детски права и интеркултурна комуникација – 12 00ч. младинскиот клуб на СППМД (Младински информативен Центар Кавадарци)

11 Октомври – Пикник во Градскиот парк во Кавадарци и одржување на работилница за ликовни творби на тема детски права и интеркултурна комуникација – 12 00ч.

Контакт Лице за медиуми Цветанка Камчева, Совет за Превентива против Малолетничка деликвенција

Leave a Reply

Your email address will not be published.