Систем кој ја прави хартијата осетлива на допир

Системот работи со веб-камера, проектор и специјален софтвер, кој детектира што корисникот допира и креира интерактивен екран на допир, што значи дека не детектира обични движења со рацете врз масата, туку се активира кога корисникот ќе покаже или допре со прстот врз хартијата.

Со овој нов Fujitsu систем, корисниците ќе можат да обележуваат слики или текст и потоа автоматски да го дигитализираат селектираното. Исто така, овој систем не е употреблив само за рамни површини од листови хартија, туку и за заоблени објекти како што се книгите.

Сметаме дека листовите хартија и многу други објекти може да бидат манипулирани со допир, како што се екраните на паметните телефони. Овој систем не користи специјален хардвер; се состои само од уред, како обична веб-камера, плус комерцијален проектор. Можностите на овој уред се постигнати со технологија која процесира слики.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.