Синоќа свечено се отвори, 9 по ред “Фестивал на новиот германски филм“

Заентересираноста од страна на кавадаречката публика беше голема, посебно оние од помладата генерација. Кавадарчани со синоќешното отварање на овој “Фестивал на нови германски филмови“ ќе има можност во текот на наредните три дена да ужива во германската кинематографија.

Синоќа фестивалот беше отворен со филмот “Претежно ведро“ од Марко Петри. “Претежно ведро“ инаку претставува (комедија,драма), филм со инзворедна содржина, приказна која во одредени мигови од филмот,  и ги насмеа,  и ги натажи, љубителите на филмот.

Вечерва на репертоарот е насловот “Човекот го прави тоа што го може“, филм кој спаѓа во категоријата (комедија). Прожектирањето на филмот ќе започне во 18.00 часот во Домот на Културата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.