Силвана Бонева не сокрила еден, туку два стана

„Силвана Бонева не сокрила еден стан. Скандалот е поголем. Денеска ќе покажеме што уште не стои во Анкетниот лист на Силвана Бонева. Таа криела два стана за своите два сина.

– Еве го и вториот Имотен лист. Уште еден стан со пазарна вредност од околу 180 илјади евра. Исто како првиот, од 109 квадрати плус подрум од 43 метри квадратни. Исто така на адреса, Димче Мирчев број 20. Два ката погоре. Во истата зграда. Овој стан е на име на вториот син на Силвана Бонева, Гоце Бонев“, објави Шилегов.

Тој ги покажа Анкетниот лист за имотната состојба на Силвана Бонева, со денешен датум, 23 јануари 2014 година, кој како што рече, може да се отвори преку интернет. Во него стои и имот на деца, како дел од семејството. Пријавена е само заштеда на име на децата од 375 евра.

„Фактот дека во Анкетниот лист постои имот на име на децата, автоматски укажува на законската обврска Силвана Бонева да го пријави целокупниот имот на семејството! Тоа не го очекува СДСМ, туку целата македонската јавност, којашто има законско право преку Антикорупциската комисија да ја следи промената на имотната состојба на функционерите. Посебно на оние кои примаат плата преку Буџетот, од парите на граѓаните на Република Македонија“, рече Шилегов.

Како се заработуваат 350 илјади евра госпоѓо Силвана Бонева?, праша тој. 

Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.