Шумски полицајци од Кавадарци заработија кривична

Оваа информација ја потврди Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата Б.И. (1956) од Кавадарци вработен во Шумска полиција како заменик командир и Љ.М. (1953) од Кавадарци – шумски полицаец во Кавадарци, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“-рече таа.

На ден 30.06.2014 година при превземање службени дејствија- одземање огревни дрва во количина од 2,5 метри просторни во прекршочна постапка, истите не превзеле дејствија да ги обезбедат дрвата до завршување на постапката, односно истите ги оставиле на чување во дворот на сторителот на прекршокот, кој по извесно време ги потрошил, додаде Стојковска.

Извор Дневник

Leave a Reply

Your email address will not be published.