Што ни направи политичката ситуација изминатите 5-6 месеци?

пишува Филип Јовановски

Што ни направи политичката ситуација, особено изминатите 5-6 месеци? Не раслои на сите нивоа, морално, физички, емотивно. Не умори и интелектуално и емотивно, ни направи конфузија, ни измеша неколку века собрани во само неколку месеци. Не стави пред свршен чин, ни ја удри интелектуалноста од глава. НО, во исто време не зацврсти, не замисли, не промисли, не научи дека итекако е важно да се солидаризираме на сите нивоа, и интелектуални и емотивни и физички и морални. Не научи дека токму тој морален и етички интегритет ќе ја направи РАЗЛИКАТА и ќе го направи квалитативниот чекор кон поздрави односи и лични но и општествени. Што ни направи политичката ситуација изминатите 5-6 месеци?

Не научи дека треба да создаваме мали ќелии на солидарност и соработка, и емотивни и интелектуални и физички и секакви што само долгорочно ќе не зацврстат. Од мали и кратки приватни средби и разговори до јавни настани, дебати, изложби, протести, маршеви, мораме да ја зацврстуваме довербата, пред се онаа емотивната, довербата на телото што памти, она тело од барикадите на 5-ти мај, или 28.03 или телата на паркобраните, десет на четиристотини!!
Оти во вакви страшни времиња да се изгуби моралниот интегритет, е најлесното нешто кое прво може да се даде. Овие времиња јасно ни дадоа до знаење со кој може да си имаме работа!

Во тоа е и „користа” од овие времиња, кои по природен пат ја селектираа моралната издржливост на индивидуалците. Но не издржливост во онаа морализаторска смисла на некоја чистина и невиност, напротив, овие страшни времиња не втурнаа во калта, онаа најпрљава кал на улиците и не научија како храбро јасно и чисто да се влезе во ризик во одбрана на општеството. Овие времиња ни направија услуга, овие времиња ко низ сито ги селектираа големите од мали камчиња, го селектираа песокот од камењата, за градба, а нели се договривме дека важно е да се гради!

Leave a Reply

Your email address will not be published.