Шестмина загинати во Источна Украина

Во нападот повредени се 21 лице. Краматорск се наоѓа зад борбената линија и е под контрола на владините сили.
Нападот бил извршен со ракетите „торнадо“. Претставник на украинското Министерство за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „торнадо“ се руски најнов ракетен лансер со повеќе цевки, а такви Украина не поседува.
Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека ги снабдува проруските сили во Источна Украина со војници и оружје. Проруските сили тврдат дека оружјето е запленето од украинските сили.

Leave a Reply

Your email address will not be published.